Децата на овој карвинг мајстор, јадат со мерак и брокула и карфиол и лубеница и тиква

Меди Ислам е 44.годишен готвач, сопруг и татко на три деца кои ги научил на здрава исхрана благодарение на својата умешност за карвинг, односно, резбање овошје и зеленчук. Изработува фантастични фигури и секојдневно им вдахнува живот на тиквите, лубениците, компирите, карфиолот и сѐ друго што ќе му дојде во рака

0
152

Четириесет и четиригодишниот шеф Меди Ислам веќе 22 години живее во големиот Истанбул кадешто дошол од родното село Канатларци, кај Прилеп. Женет е и има три деца, 16-годишен син и две ќеркички, една од 8, а другата од 1 ипол година.

Завршил средно училиште во Охрид, а за да стане готвач го инспирирал неговиот зет за сестра кој работел како готвач. Меди се нашол себеси во професијата, па почнал да готви уште додека бил во војска, во Ѓорче Петров, а потоа и во Генерал-штабот на македонската армија.

Кога заминал во Истанбул прво работел кетеринг кај зетот, а потоа, цели осум години бил шеф во истанбулската полиција кадешто готвеле за 30 илјади полицајци. Две години држел и свој ресторан, а денеска работи како шеф во компанијата „Форд“ и држи часови по карвинг (резбање зеленчук и овошје).

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

loading...