Децата од постари татковци имаат многу поголем ризик од вродени дефекти

Жените постојано се предупредуваат дека не е добра идеја да го одложуваат основањето на семејство бидејќи на тој начин го загрозуваат здравјето на нивните идни деца. Новото истражување покажува дека истите совети важат и за мажите.

0
260

Мажите треба да почнат со оснивање на семејство пред да стигнат на возраст од 35 години за да го избегнат ризикот за своите неродени бебиња, тврдат истражувачите.

Едно истражување кое следело 40 милиони бебиња открило дека ризикот од компликации при породувањето почнува да се зголемува кога татковците се во средината на триесеттите години и е значително повисока кога се татковците постари од 45 години.

Со децении, жените беа предупредувани дека не е мудро да се одложува формирањето на семејство, бидејќи на тој начин ќе го загрозат здравјето на своите идни деца. Но, новото истражување објавено во British Medical Journal, покажува дека истиот совет се однесува и на мажите, пишува Дејли Мејл.

Научниците досега ги гледаа факторите кои влијаат врз здравјето на детето од страната на мајката, а ова истражување покажува дека здравјето на бебињата е „тимски спорт“ бебиња, и дека и возраста на таткото придонесува за здравјето на детето – вели професорот Мајкл Ајзенберг од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Според него, откако таткото ја поминува 35. година, се зголемува можноста за вродени дефекти кај бебињата и дека овој ризик се зголемува значително кога е таткото во четириесеттите и педесеттите години од животот.

„Ова е така затоа што со секоја измината година мажот акумулира две нови мутации во ДНК на својата сперма.

Во споредба со татковците кои имаат помеѓу 25 и 34 години, децата на мажите чија возраст е помеѓу 35 и 44 години, во просек, имаат пет отсто повеќе шанси за предвремено раѓање и ниска родилна тежина.

Кај мажите кои станале татковци на возраст од 45 години и повеќе, шансата новороденчињата да останат на интензивна нега е дури 14 проценти, а ист е и ризикот за предвремено раѓање. Дури 18 проценти повеќе новороденчиња ќе имаат некаков напад, а 14 проценти ќе имаат пониска телесна тежина.

Ако таткото е во педесеттите години, има 10 отсто поголем ризик за неговото бебе по раѓањето да биде на респиратор, а 28 отсто поголем ризик на бебето да му биде потребна интензивна нега.

Просечната возраст на татковците во 2016 година изнесувала 33,3 години, речиси четири повеќе отколку во 1974 година, кога во просек имале 29,4 години. Возраста на мајките пораснала во иста мера како и кај татковците – за четири години. Во 2016. година, просечната возраст на мајките изнесувала 30,4 години, а во 1974 година просекот изнесувал 26,4 години.

Апсолутните ризици се релативно мали. Професор Ајзенберг го споредил ризиците со добивка на лото.

„Ако купите два купони за лотарија наместо еден, вашите шанси за победа се зголемилe за 100 проценти, но земајќи предвид колку вкупно купони се продадени, вашата шанса да добиете на лото е сѐ уште многу мала“, изјавил тој.

„Ова значи дека тоа зголемување од 100 проценти е многу релативно. Факт е дека вашите шанси се дуплирале, но земајќи го предвид вкупниот број на купони, и натаму шансата да добиете токму вие, е сѐ многу мала. Ова е многу екстремен пример, но истиот концепт може да се примени и на тоа како гледате на шансите за потенцијални проблеми при породувањето“, објаснува тој.

„Голем процент вродени дефекти би биле спречени ако татковците се одлучиле порано да формираат семејство, по можност, пред 45-годишна возраст“, заклучува д-р. Ајзенберг.

Фото: Pixabay

loading...