Децата сѐ повеќе пцујат, а стручњаците за тоа ја обвинуваат поп музиката и Јутјуб

Персоналот во детските градинки во рамки на истражување открил дека помеѓу децата сѐ почесто можат да се слушнат пцовки. Тринаесет отсто од воспитувачите изјавиле дека забележуваат значителен пораст на бројот на деца кои пцујат. Како реагирате вие кога вашето дете ќе каже пцовка?

0
48

„Пцовките станале прифатливи помеѓу малите деца. Можат да се слушнат во песните или на Јутјуб. Но шокантно е кога ќе слушнете дека таkви зборови изгoвара дете“, вели Сју Лернер во име на воспитувачите во чие име го спровела испитувањето.

Стручњакот за деца Џон Ворен вели дека децата би требало да се учат на странски јазици, а не на грди и неприфатливи зборови.

„Мораме да ја вратиме невиноста во детските животи. Би требало да се забавуваат и да измислуваат нови зборови, да веруваат во чуда, во вили, во Дедо Мраз и во еднорози“, вели тој.

Напоменува и дека ако слушнете како детето изговара несоодветни зборови, треба да му објасните зошто тоа не е убаво.

„Родителите често знаат да се насмевнат, мислат дека децата не го гледаат тоа, а потоа ги караат. Тоа не е добро“, вели и додава дека целта на родителите е да се едуцира детето, но и да му се биде поддршка и да му се даде совет.

Како реагирате вие кога вашето дете ќе каже пцовка?

Фото: Pixabay

loading...