Децата чии родители престанале да пушат, добиле велосипеди

Во турскиот град Килис почнала несекојдневна кампања такашто децата чии родители престанале да пушат, добиле за подарок велосипед.

0
65

Во градот Килис во Турција е иницирана несекојдневна кампања со која  децата чии родители престанале да пушат, добиле на подарок велосипед, јавува турската агенција Анадолија. Имено, турската општина Килис им подарила велосипеди на 500 деца, откако барем еден нивни родител се откажал од пушење.

Свеченоста на доделување на велосипеди се одржала на локалниот стадион на кој се собрале голем број деца и нивни родители. Целта на оваа несекојдневна кампања е да се мотивираат што поголем број граѓани да престанат со пушење.

Градоначалникот на Килис Хасан Кара при доделувањето на велосипедите им кажал на присутните дека до тој ден се поделени вкупно 11.500 велосипеди. Истакнал дека се надева дека наскоро ќе ги поделат и преостанатите 3.500 велосипеди. Додал и дека оваа кампања привлекла огромно внимание, особено на социјалните медиуми кадешто илјадници лица напишале дека станува збор за многу оригинална и позитивна идеја, со предлог да се продолжи со ваквите проекти.

Фото: Anadolija

loading...