Дневникот на еден двегодишник?!

Имам две години. Не сум грозен ниту тежок, само сум фрустриран. Нервозен, под стрес, преплавен со емоции и збунет. Само ми треба прегратка.

0
193

Дали некогаш сте се запрашале што би пишувало во дневникот на еден двегодишник или тригодишник кога тој би умеел да ги изрази своите чувства со зборови? Ги знае зборовите, но тоа не е доволно. Она што многумина не го знаат, или едноставно не веруваат во тоа е дека малите деца не се во состојба да ги контролираат или вербализираат своите емоции. Ако ја сакаме вистината, повеќето возрасни, исто така, веројатно затоа што некогаш детските фрустрации се решавале со ќотек или со казни и се третирале како разгаленост.

Сега, да се вратиме на двегодишниците и нивниот дневник.

„Имам две години. Не сум расипан или ужасен … Фрустриран сум. Нервозен, под стрес, преплавен со емоции и збунет. Само ми треба прегратка.

Се разбудив денеска и сакав сам да се облечам. Но, тие ми рекоа: „Не, немаме време за тоа, јас ќе те облечам“.

Тоа ме растажи.

Сакав да јадам сам, но ми рекоа: „НЕ, ќе се извалкаш, брзаме и немаме време за пресоблекување. Јас ќе те нахранам“.

Ова ме натера да се чувствам неспособно.

Сакав да дојдам до автомобилот одејќи, но тие ми рекоа: „Не, брзаме, немаме време. Јас ќе те одведам “

И тоа конечно ме натера да плачам.

Сакав да излезам од автомобилот сам, но ми кажаа: „Не, немаме време. Јас ќе те извадам од седиштето“. Сега веќе посакав да побегнам.

Подоцна, во градинка, сакав да си играм со коцки, па ми рекоа: „не, не така, туку вака“.

Тогаш веќе не сакав да си играм со коцки. Сакав да си играм со автомобилчето што го држеше некој друг, па го зедов. Потоа ми рекоа „Не, не се прави така! Не смеат да се земаат работите што некој друг ги држи!“

Не сум сигурен што згрешив, но знам дека се растажив. Затоа почнав да плачам. Сакав прегратка, но ми рекоа: „Ајде, не плачи, оди играј си“.

Потоа ми рекоа дека е време да ги соберам играчките. Ова го знам затоа што некој цело време повтпруваше „Оди собери ги играчките“.

Но, јас не бев баш сигурен што треба да правам, затоа чекав некој да ми покаже.

„Што правиш? Зошто само стоиш таму? Соберете ги играчките веднаш!“

Не ми беше дозволено да се облечам сам, а тоа навистина го сакав, но сега бараат сам да соберам некои работи.

Не знам точно што да правам. Дали некој треба прво да ми покаже? Од каде треба да започнам? Каде одат овие коцки, заборавив? Слушам многу зборови, но не успевам да разберам сè. Се исплашив и затоа не се мрдам.

Легнав на подот и почнав да плачам.

Кога дојде време за ручек, сакав сам да да донесам својата чинија со храна, но тие ми рекоа: „Не, ти си мал. Пушти ме мене“.

Ова ме натера да се чувствувам многу мал. Тогаш се обидов да ја јадам храната пред мене, но некој постојано ми ја принесуваше храната до лицето велејќи „земи го ова, сега малку од ова, јади го ова…“

Не сакав да јадам повеќе, но тие ми рекоа дека морам. Поради ова, посакав да фрлам работи и да плачам силно.

Сакам да слезам од столчето, но не ми дозволуваат. Тие велат дека сум мал и не смеам. И постојано ми повторуваат да земам уште едно залче. Поради ова уште повеќе се расплакав. Сега сум гладен и фрустриран и тажен. Уморен сум и потребно ми е некој да ме земе и да ме утеши. Не се чувствувам безбедно и немам контрола. Затоа сум исплашен, па плачам уште повеќе.

Имам две години. Не ми дозволуваат да се облечам сам, не ме пуштаат да го движам сам своето тело таму кадешто треба да одам, никому не му е грижа што сакам јас.

А сепак, тие очекуваат од мене да сделувам, да слушам, да почекам една минута. Тие очекуваат од мене да знам што да кажам и како да го контролирам моето однесување. Очекуваат да седам мирно и да знам дека ако фрлам нешто, тоа може да се скрши. Но, јас не ги знам сите тие работи.

Не ми дозволуваат да вежбам вештини како одење, туркање, закопчување, сервирање, искачување, трчање, фрлање. Токму оние работи што ми се интересни и што многу би сакал да ги видам и допрам ми се забранети.

Имам две години. Не сум грозен ниту тежок. Јас сум само фрустриран. Нервозен, под стрес, преплавен од емоции и збунет. Само ми треба прегратка.

Автор: Дејах Роман

Фото: Pixabey

loading...