ДНК од тестисите може да биде корисна за лекување на неплодноста кај мажите

Според европските истражувања, ДНК од тестисите на неплодните мажи, е често еднакво добра при постигнувањето на бременост, како и ејакулираната сперма на плодните мажи. Имено, се претпоствува дека екстракцијата на ДНК би можела да доведе ди нови начини на лекување на машката неплодност.

0
70

Студијата покажува дека на пат од тестисите до ејакулацијата ДНК на спермата може да претрпи големи оштетувања. Истражувачите велат дека е можно да се користи ДНК од тестисите, која се зема директно со екстракција за да се оплодат јајце клетките, такашто и формално неплодните мажи можат да имаат деца.

Студијата е претставена на Европскиот конгрес на уролози во Барселона, во Шпанија. Истражувањата претставени на состаноците обично се смета за прелиминарно додека не се објави во списание кое е рецензирано.

Истражувачите земале примероци од сперма со екстракција од тестисите на 63 неплодни мажи и ги споредувале со ејакулираната сперма на истите мажи. Исто така, гоанализирале и ејакулатот од 76 плодни мажи.

Кога ја прегледавме ејакулираната сперма откривме дека степенот на оштетување на ДНК на сперматозоидите е многу поголем кај неплодните мажи кои создаваат полни клетки, отколку кај плодните мажи, со приближно 15 отсто кај плодните мажи, но со 40 отсто кај неплодните мажи“, рекол авторот на студијата урологот Џонатан Ремзи.

Тој рекол дека не е изненадувачки да се видат повеќе оштетувања на ДНК во ејакулатите на неплодните мажи. Џонатан Ремзи рекол дека оштетувањето на ДНК предизвикано во транзитот од тестисите до ејакулацијата е резултат на оксидативен стрес.

Оваа состојба се јавува кга организмот на мажот е подложен на лоши животни навики како што е лоша исхрана, држење на лаптоп во скутот во текот на целиот ден или пушењето. Болестите како Кроновата болест и дијабетесот тип 2 исто така предизвикуваат оксидативен стрес“, рекол тој.

Истражувачката Шина Луис рекла дека резултатите откриваат нови методи за користење на ДНК која се зема дректно од тестисите на неплодните мажи за да се направи обид да се постигне бременост, пренесува Health24.

Фото: Pixabey

loading...