„Добрите” микроби ги бранат децата од рак

Користењето на хигијенски средства за уништување на бактерии може да доведе до најчестиот облик на  рак кај децата, утврдил еден од најреномираните британски научници.

0
368

Едно од 2000 деца годишно заболуваат од акутна лимфобластична леукемија.

Професор Мел Гривс од Институтот за проучување на ракот 30 години собирал докази дека имунитетниот систем може да предизвика рак ако во раното детство не се соочи со доволно бактерии.

Резултатите од неговото истражување можат да помогнат во превенцијата на оваа болест.

Комбинирани ефекти

Лимфобластичната леукемија е почеста во напредни и поимотни заедници, што укажува на тоа дека ја поттикнува нешто во современиот начин на живот.

Имало обиди оваа болест да се поврзе со електричните кабли, со електромагнетните бранови и со одредени хемикалии, но врската сѐ уште не е најдена.

Меѓутоа, професор Гривс, во соработка со мрежа научници од целиот свет, утврдил дека постојат три фази до појава на болеста.

Прво доаѓа до навидум неизбежни мутации во матката

Потоа недостаток на микроби во околината во текот на првата година  од животот го спречува системот за имунитет да се развие до крај

Со тоа се отвара пат некоја инфекција во детството да предизвика грешка во системот за имунитет, а со тоа и леукемија

Оваа „единствена теорија” за леукемијата не е резултат на едно истраживање, туку повеќе личи на сложувалка од резултати добиени врз основа на многу студии за развојот на болеста.

„Истражувањата силно укажуваат дека акутната лимфобластична леукемија има јасна биолошка причина и дека ја активираат инфекции кај подложни деца чии имунитетен систем не се развил правилно “, вели професор Гривс.

Меѓу доказите кои ја поткрепуваат оваа теорија се:

Седум деца во Милано заболеле од леукемија откако во тој град избила епидемија на свински грип

Децата кои биле во јасли или растеле со постари браќа и сестри кои ги изложиле на микроби поретко добиваат леукемија

Доењето, кое ги поттикнува добрите бактерии во цревата, штити од леукемија

Децата родени по вагинален пат поретко добиваат леукемија од оние родени со царски рез, који се извршува во стерилно опкружување

Животните одгледувани во потполно стерилна средина после инфекција добивале леукемија

Истражувањето дефинитивно не ги обвинува родителите дека претерале во одржување на хигиената.

Тоа всушност укажува дека постои цена која ја плаќаме за напредокот во развојот на друштвото и медицината.

Шта сѐ (не) предизвикува рак

Зашто некои клетки од туморите се „родени лоши“

Контактот со благотворни бактерии е комплициран – не е доволно да се намачкате со кал.

Професор Гривс додава: „Најважниот заклучок е дека во најголем број на случаи е можно да се спречи детската леукемија“.

Тој предлага на децата да им се дава безбеден коктел од бактерии, на пример јогурт, кој ќе им помогне во развојот на имунитетниот систем.

Таа идеја бара дополнителни истражувања.

Во меѓувреме, вели тој, „родителите треба помалку да стравуваат од вообичаените, тривијални инфекции и да го поттикнуваат дружењето со постарите деца.

Доктор Алистер Ранкин, шеф на истражувачкиот центар при добротворното друштво „Бладвајз” вели: „Ги молиме родителите да не паничат заради оваа студија”.

„Иако развојот на силен имунитетен систем во раното детство донекаде го намалува ризикот, во овој момент нема начин детската леукемија дефинитивно да се спречи”.

Добри бацили

Ова истражување е дел од масивната промена на точката на гледиштата во медицината.

Донеодамна на микробите се гледало како на „лоши момци”. Сега увидуваме колку се важни за нашата добробит и за здравјето, и тоа доведува до револуционерни промени во разбирањето на низа болести како што се Паркинсоновата болест и депресијата, а сега и леукемијата.

Професорот Чарлс Свонтон, началник на клиничкото одделение на британскиот Центар за истражување нас ракот вели: „Детската леукемија е ретка и моментално не знаеме дали има било што што медицинските работници и родители би можеле да направат за да ја спречат“.

„Сакаме да им порачаме на сите родители чии деца имале или немале леукемија дека нема ништо што сме знаелечега што смо знали, а што сме можеле да го примениме за да спречиме децата да се разболат”, вели тој.

loading...