Дознајте дали и вас ве одгледувале токсични родители

Сите родители сакаат децата да им пораснат во психички силни и емотивно стабилни луѓе, но понекогаш тоа е тешко, особено ако и самите носиме лузни од детството – оние кои ни ги предизвикале нашите родители.

0
512

Одгледувањето на децата не е ниту малку едноставно.

Сите родители сакаат децата да им пораснат во психички силни и емотивно стабилни луѓе. Но понекогаш тоа е тешко, особено ако и самите носиме лузни од детството – оние кои ни ги предизвикале оние кои најмногу ги сакаме, нашите родители.

Секако, станува збор за нешто што повеќето од нив го прават несвесно, во намера ништо да не ви недостасува. Често ги правиме истите грешки и самите со сопствените деца. Затоа е важно да станеме свесни за проблемот.

Според терапевтката Сузан Форвард, авторка на книгата „Toxic Parents: Overcoming Their Legacy and Reclaiming Your Life“, ова се некои од симптомите на токсичното родителство.

Вешти сте во манипулацијата

Детето кое пораснало покрај токсични родители знае како да одговори на туѓите потреби со цел некому да му се допадне. Таквото дете знае како да орасположи и да даде емоционална потпора. Но тоа кога ќе порасне го очекува истото и од своите деца.

Таквите деца нема да бидат во состојба да ја развијат сопствената личност, затоа е потребно да станете свесни за своето однесување и да престанете да манипулирате.

Не сте свесниза влијанието на своите родители

Колку што се односите во семејството потоксични, толку е потешко да се препознаат. Особено им е тешко на децата да сфатат дека се токсично одгледувани“, вели Шери Кемпбел, авторка на книгата „But It’s Your Family: Cutting Ties with Toxic Family Members“.

Можеби често се фаќате себеси како се обвинувате, а не сте ни свесни дека е тоа влијание на вашите родители. Затоа е тешко да се прекине наќинот на однесување со кој си штетите сами на себе или побарајте помош.

Ги осудувате другите

Децата на токсичните родители често знаат да ги осудуваат своите родители и потоа истото тоа и ним им го прават и нивните деца.

А еве и неколку прашања кои, според семејната терапевтка Дарлин Ленсер, треба да си ги поставите за да откриете дали се вашите родители токсични.

1. Дали реагираат претерано?

2. Дали ве уценуваат емоционално?

3. Дали имаатнеразумни очекувања од вас?

4. Дали претерано ве контролираат?

5. Дали ве критикуваат и ве споредуваат со други?

6. Дали манипулираат со вас или глумат жртви?

7. Дали често ве обвинуваат?

8. Преземаат ли одговорност и се извинуваат ли кога етоа потребно?

9. Ги почитуваат ли вашите физички иемоционални граници?

10. Ги занемаруваат ли вашите чувства и потреби?

11. Дали се завидни и се натпреваруваат ли со вас?

Кога и самите ќе станат родители, децата на токсични родители можат да станат свесни за тоа како се одгледувани и така да го прекинат маѓепсанот круг. Со тоа ќе ги поштедат од грешки своите деца“, смета Сузан Форвард.

Фото: Pixabey

loading...