Докторите предупредуваат на новиот ‘солен предизвик’ меѓу младите (ВИДЕО)

Предизвикот на „ТикТок“, широко познат како „Солен предизвик“, се состои во тоа што тинејџерите си истураат голема количина сол во устата

0
466

Луѓето што си истураат големо количество сол директно од кутиите е уште еден од големиот број бизарни трендови кои кружат на социјалните мрежи.

Иако трендот веројатно се смета за забавен, консумирањето сол може да има опасни несакани ефекти.

Лекарите препорачуваат луѓето да не учествуваат во оваа активност бидејќи јадењето премногу сол е многу лошо за здравјето и веднаш и на долг рок.

„На краток рок, во зависност од тоа колку сте изеле, јадењето премногу сол може да биде отровно. Ова е затоа што го зголемува нивото на натриум во нашите тела, што може да предизвика интензивна жед, збунетост, гадење и повраќање. Во екстремни случаи исто така може да доведе до напади, кома или дури може да биде и фатално – бидејќи високите нивоа на натриум предизвикуваат набабрување на мозокот кон внатрешноста на черепот.

„Ако мислите дека некој проголтал премногу сол, охрабрете го да се напие вода. Повикајте ги службите за итни случаи ако престанат да дишат, ако имаат напади или изгубат свест.

“На долг рок, јадењето премногу сол во вашиот секојдневен живот влијае врз вашиот крвен притисок. Ова е затоа што вашето тело задржува премногу вода, а напорот на пумпање дополнителна течност околу вашето тело ја отежнува работата на вашето срце.

„Јадењето премногу сол може да доведе до кардиоваскуларни заболувања како што се срцев и мозочен удар, висок крвен притисок, главоболки, камења во бубрези и болести на бубрезите.

Се препорачува ограничување на внесот на сол на околу една лажичка на ден – но многу намирници се богати со сол, затоа проверите ги етикетите.

loading...