Домашен пластелин – паметна забава за цело семејство

Интернетот е полн со различни рецепти за оваа супер играчка, а ние издвоивме само неколку

0
339

Со некои од рецептите со кои ќе направите домашен пластелин ќе добиете маса за моделирање, а некои на крајот ќе можете и да ги изедете.

Ако ви е ладно па не можете да се шетате долго надвор, тогаш фрлете се на заедничка акција на креативно играње.

Ако никогаш досега не сте се забавувале со домашен пластелин, еве неколку рецепти за да го направите.

Сигурни сме дека во вашата кујна имате сѐ што е потребно.

Ви треба само брашно, малку лимонска киселина, малку зејтин, малку повеќе солм врела вода и прехранбени бои по желба (или она малку што ви останало од последната роденденска торта). И тоа е сѐ!

Времето што ви е потребно за да го направите е минимално, а забавата максимална затоа што не само што детето ќе добие пластелин кој е многу помек и поподатен за моделирање од купечкиот, туку и ќе се забавува додека заедно го правите.

Свиленкаст пластелин (само за моделирање)

Една мера регенератор за коса

Две мерки пченкарен скроб

Прехранбени бои по желба

Добро измешајте и замесете пластелин.

Проварен пластелин

1 шолја брашно

1 лажичка лимонска кислеина

1 лажица масло

Пола полја сол

1 шолја зовриена вода

Прехранбени бои по желба

Помешајте ги брашното, солта и лимонската киселина и полека додавајте вода, масло и боја. Потоа варете околу 1 минута, истурете ја смесата во сад и премесете ја.

Чоколаден пластелин

1 шолја инстант чоко напиток
1,5 шолја брашно

0,5 шолја сол

4 лажички лимонова киселина
0,25шолја зејтин
2 шолји вода

Сите состојки помешајте ги заедно и месете додека смесата не стане компактна.

Јадлив пластелин

3 маршмелоу

2 лажици путер од кикирики

1 лажица шеќер во прав

Ставете го ви еден сад путерот од кикирики и маршмелоу колачите и ставете го садот во микробранова на 10 секунди (средна јачина). Кога смесата ќе стане еднолична (измешајте малку во садот) поросете ја со шеќер во прав и замесете.

Смесата е добра кога ќе престане да с елепи. Овој пластелин е најидеален за изработување колачи кои на крајот ќе можете и навистина да ги изедете.

loading...