Дојдов да ти кажам: Сѐ е твоја вина!

Виновна си затоа што дозволи така да се однесуваат со тебе. Каде ти беше границата и каде ти беше главата? Виновна си, затоа што кога беше време да поставиш граници се обидуваше да му се допаднеш некому, па не стаса да го направиш тоа.

0
351

Виновна, затоа што си велеше „не“ само на себе. Виновна, затоа што твоето „само уште овој пат“ нема рок на траење.

Виновна, затоа што серијата „Компромиси“ ја репризираше до бесвест.

Виновна, затоа што дозволи да мислат дека си таква, а во меѓувреме и самата заборави каква си.

Виновна си затоа што дозволи огледалото кое го гледаш да ги добие контурите на сите луѓе со кои се споредуваше.

Виновна, затоа што се согласуваше на трошки, на кора од пица што останала од вчера, на попусти бидејќи наскоро истекува рокот на траење.

Виновна си, затоа што со денови размислуваше за оној еден лош коментар, затоа што работата ти стана живот, а животот ти запре заради работата.

Виновна, затоа што во својата околина го воведе она „Јас ќе го направам  тоа“ како олимписка дисциплина со еден натпреварувач.

Виновна, затоа што ти изгледаше дека е полесно ако мислат дека си поглупава, послаба, поинфериорна.

Виновна си, затоа што не се расправаш мислејќи дека така ќе останеш сама.

Виновна, затоа што сакаше за тројца, а тоа не ти беше нормално, туку постојано го набиваше на нос заборавајќи дека е тоа твој избор, госпоѓо.

Виновна си, затоа што очекуваше, а не изговараше.

Виновна си затоа што се сведуваш себеси на сакање на другите.

Виновна си, затоа што земаше малку, даваше премногу, па се истураше на сите страни.

Виновна си, затоа што те дефинираа, те сечеа, те цензурираа, си играа криенка со твоите нерви, додека ти беше пријатна и фина.

Виновна, затоа што повремено беше убедена дека не е до тебе, дека е до прогнозата, до хороскопот, до сè друго.

А до тебе е. Бидејќи на сето тоа, сè што продолжи да набројуваш откако јас застанав, на сето тоа, сонце мое, токму ти се согласи.

Списокот на причини што започнуваат со „Да бе да, знам, ама морав“ не е достапен, ве молиме обидете се да се оправдате сама себеси подоцна.

Преземено: Бранкица Раковиќ

Фото: Pexels

loading...