Дружењето на внуците со бабите и дедовците има безброј предности

Бабите и дедовците можат кај децата да всадат чувство на сигурност, а истражувањата покажуваат дека и бабите и дедовците имаат корист од времето што го поминуваат со внуците.

0
386

Многу деца поради пандемијата со коронавирусот со недели не ги виделе своите баби и дедовци, но токму таа врска е доста важна. Имено, БиБиСи пренесува дека неодамна спроведеното истражување покажало дека бабите и дедовците имаат позитивно влијание врз менталното здравје на нивните внуци.

„Кога бев дете, разговарав со моите баби и дедовци за работи за кои не можев да зборувам со моите родители. Родителите честопати се вработени, понекогаш имаат по две или три работни места за да го прехранат семејството и лесно е да се оддалечат од детето, такашто бабите и дедовците се важни како поддршка“, вели Естер Ранцен, основачка на„ ChildLine “.

Во земји како Франција, бабите и дедовците имаат право да ги видат своите деца, додека во Велика Британија, на пример, тоа не е случај, вели Ранцен.

Бабите и дедовците можат кај децата да всадат чувство на сигурност, а истражувањата покажуваат дека и бабите и дедовците имаат корист од времето што го поминуваат со внуците. Овој посебен однос им годи поради неколку причини, меѓу другите, ја спречува депресијата и ги зголемува шансите за долговечност.

Фото: Pexels

loading...