Дури и најмалата количина алкохол во бременоста предизвикува страшни последици

Ако се прашувавте колку алкохол е дозволен во бременоста, овој текст ќе ви го даде одговорот.

0
203

Истражувањата покажале дека дури и најмалата количина алкохол може да го оштети фетусот, а тој факт несомнено предизвикува страв кај сите бремени жени кои повремено пијат чаша вино. Иако оваа теорија е потврдена безброј пати, експертите сакале да го докажат тоа уште еднаш и да објаснат какви се последиците, пренесува Metro.co.uk.

Она што може да се случи е фетален алкохолен синдром – состојба која произлегува од пренаталната изложеност на алкохол, а може да доведе до проблеми со учењето, проблеми со срцето и белите дробови.

Оние жени кои повремено пијат чаша алкохол за време на бременоста, треба да посветат повеќе внимание на тоа дека и најмала количина прави штета и може да развие проблеми со: растот и развојот, учењето, концентрацијата, вниманието, хиперактивноста, моториката и балансот, црниот дроб, бубрезите, срцето, но и на уште некои органи на слухот и видот.

Исто така, главата, очите и усните на бебето може да бидат помали од вообичаеното.

Фото: Pexels

loading...