Д-р Катарина Ставриќ: Зошто е важно да се внесува витамин Д?

Доколку не се внесува доволно витамин Д, коските стануваат меки, тенки, и лесно може да дојде до нивно искривување кое во детската возраст е познато како рахит, вели д-р Ставриќ, педијатар-имунолог

0
961
Според педијатрите посебно важно во зимските месеци е дополнителното внесување на витаминот Д. Покрај недостатокот на сончеви денови, кога Сонцето е извор на овој витамин, витаминот Д не е доволно присутен ниту во исхраната и затоа треба да се внесува дополнително. Ова е битно за да се спречат сериозни здравствени последици.

„Доколку не се внесува доволно витамин Д, коските стануваат меки, тенки, и лесно може да дојде до нивно искривување кое во детската возраст е познато како рахит. Кај возрасните, недостатокот на витамин Д доведува до омекнување на коските и остеомалација односно кај старите до остеопороза. Покрај оваа улога во создавање и одржување на здрави коски, витаминот Д има и други функции во регулирање на растот на клетките, невро-мускулната функција, како и во имунолошката функција. Секојдневно внесување млеко во препорачани количини доведува до постојано подобрување и одржување на здравјето на коските кај сите, независно дали се деца или возрасни.

Витаминот Д е важен партнер на калциумот во збогатените млека и јогурти доведувајќи до максимална искористливост на калциумот. Затоа како важен дел од здрава балансирана исхрана се препорачува секојдневно внесување на млеко и јогурт”, вели д-р Катарина Ставриќ, педијатар-имунолог.

Составот на Битолски јогурт и млеко со 10 витамини е збогатен со витамини меѓу кои и витамин Д3 и минерали кои се клучни при градењето здрав организам, и нивниот состав е избран во совршен сооднос за максимално да придонесат за здрави и цврсти коски, за зајакнување на имунолошкиот систем и воопшто за целиот организам.

 

loading...