Еве и некои позитивни работи за децата после разводот

Многумина од нас претпоставуваме дека разводот може да донесе само хаос и болка во животот на детето. Но, тоа не е целосно точно. Секако, кога зборуваме за свесни и одговорни родители чија цел не е цел живот да се повредуваат меѓусебе користејќи ги притоа токму децата

0
103

Никој не посакува развод, но кога ќе дојде до ова повеќето луѓе имаат тенденција да зборуваат само за негативните ефекти од разводот. Меѓутоа, откако целото семејство ќе научи да се справи со сè и да помине низ турбуленциите, децата би можеле да почувствуваат и некои придобивки од оваа ситуација.

Bright Side реши да ја покаже другата, малку запоставена страна на родителскиот развод.

1. Детето повеќе нема да чувствува притисок да се справува со проблемите на родителите

Откако децата ќе се ослободат од стресното опкружување, тие ќе почнат да воочуваат огромни емоционални и психолошки придобивки. Дури и со време можат да почнат да се чувствуваат посреќни.

Детето нема да се занимава со проблемите што ги имаат возрасните. После разводот родителите треба да се обидат да ги остават своите минати проблеми и да се согласуваат за доброто на децата. Така, децата ќе научат дека односите не се распаѓаат целосно и дека постојат начини работите да се завршат на попозитивен начин.

2. Разводот може да ги научи децата на одговорност

Ова се однесува на постарите деца, особено ако имаат браќа и сестри. Во оваа ситуација, детето ќе стане заштитнички настроено кон своите помлади браќа и сестри. Ќе бидат сочувствителни, внимавајќи помалите да бидат добро па можат да станат позрели од своите врсници.

3. Вашето дете ќе знае како изгледа здрава врска

Се разбира, треба да дадете сè од себе и да поминете низ тешките периоди во љубовната врска, но понекогаш е навистина подобро за сите ако признаете дека е готово. Поентата е да се признае кога е време да престанете да го вложувате вашето време во врски што немаат иднина. Тоа значи дека не треба да страдате ако работите не одат по вистинскиот пат. Вашето дете ќе го види ова во вашиот пример и ќе сфати дека е многу подобро да се ослободите од нездравиот, несреќен брак.

4. Ќе имаат изразено чувство за емпатија

Не може да се каже со сигурност кога детето ќе развие емпатија затоа што секој од нас е различен. Меѓутоа, промената во семејството може да ги направи децата почувствителни за проблемите на другите луѓе, што може да игра важна улога во развојот на емпатија. Ќе го разберат животот подобро и ќе станат толерантни и грижливи кон другите.

5. Детето ќе стане подобро во социјализирањето

Кога детето ќе започне да живее во две различни домаќинства, тоа ќе му даде можност да изгради подобри комуникациски вештини. Исто така, тоа ќе види како родителите комуницираат за време на разводот. Доживувањето на ова ќе го научи детето да биде подобро во разговор и во изразувањето, дури и ако постојат проблеми. Но, за да дојдат до тоа, родителите треба да имаат добра комуникација.

6. Децата ќе станат посилни и поуспешни

Според некои истражувања, 75% до 80% од децата на разведени родители ќе станат возрасни кои можат лесно да се прилагодат на многу различни ситуации. Ќе имаат подобра шанса за постигнување на цели во кариерата и образованието, како и за развивање на способности за градење на посилни односи.

7. Ќе поминуваат поквалитетно време со двајцата родители

Обично во брачниот живот, еден од родителите презема повеќе одговорности во однос на децата и куќата. Сепак, по разводот, секој родител ќе може да се фокусира целосно на детето. Ова ќе му овозможи на детето подобро да ги запознае мама и тато и да се забавува со секој од нив. Секако, ако родителите се доволно разумни за да не се одмаздуваат меѓусебе преку децата.

Фото: Pexels

loading...