Еве како ве обликувало воспитувањето на вашите родители

Без оглед дали ви се најдобри пријатели или едвај ги познавате, вашата врска со родителите има влијание на тоа каква личност сте вие денеска. Тоа го тврдел Сигмунд Фројд, а го покажале и бројни истражувања.

0
85

Ако вашата мајка работела неколку работи, голема е веројатноста дека ќе страдате од стрес. Ако родителите имале од вас големи очекувања, поверојатно е дека ќе имате подобри резултати во училиште.

Ова се десет начини како ве обликувало воспитувањето на вашите родители.

Ако родителите ве терале да извршувате домашни работи, поверојатно е дека ќе ги извршувате задачите независно од другите.

Ако во детството постојано морало да слушате дека мора да си го наместите креветот, родителите ви направиле услуга. Децата кои извршуваат домашни работи се поодговорни подоцна на работните места и не чекаат да им се задаваат работни обврски, смета Џули Литкот-Хејмс, авторка на книгата „How to Raise an Adult“.

Ако родителите ве учеле на социјални вештини, поголема е веројатноста дека ќе завршите факултет и ќе имате подобро платена работа.

Едно истражување следело 700 Американци во текот на 20-годишен период. Се покажало дека децата со подобри социјални вештини повеќе помагаат и се покооперативни па најчесто до 25.година завршуваат факултет и имаат работа со полно работно време.

Ако родителите ве лажеле, можеби тешко ќе им верувате другите.

Иако родителите најчесто ги лажат децата за да не ги повредат или затоа што не знаат (или не сакаат) искрено да им одговорат на нивните прашања, тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

„Родителите мислат дека така ги штитат децата, но кога ќе ја дознаат вистината, чувствуваат дека не можат да им веруваат на возрасните“, објаснила психијатарката д-р Керол Либерман за Insider.

Ако родителите го критикувале вашиот изглед, веројатно ќе иамте ниска самодоверба.

Негативните коментари ќе влијаат на самодовербата на таа личност. Истото важи и кога станува збор за децата.

„Ако постојано слушате дека сте дебели и поинакви од другите, нема да бидете сигурни во себе“, истакнува психотерапевтката Кристин Скот-Хадсон.

Ако родителите имале од вас големи очекувања, веројатно сте биле добри во училиштето.

Истражување од 2015.година открило дека децата чии родители имале големи очекувања од нив остварувале подобри резултати во училиште. Тој тренд се однесува и на семејства со поголеми, но и со помали приходи.

Ако вашата мајка завршила факултет, веројатно и вие ќе го направите тоа.

Децата чии мајки не заврпиле факултет или средно училиште, исто така имаат помала веројатност дека ќе го направат тоа, открило истражување од 2014. Кое го водела Сандра Танг од универзитетот Мичиген.

Ако е вашата мајка постојано под стрес, поверојатно е дека сте лоши во математика.

Времето кое родителите го поминуваат со децата во период од 3 до 11 години не влијае на нивниот академски успех колку нивната ментална состојба, посебно онаа на мајката.

Истражувањето кое во 2015. Било објавено во магазинот Journal of Marriage and Family открило дека децата чии мајки се под стрес, анксиозни или ненаспани, имаат проблеми со однесувањето и емоциите, но постигнуваат и полоши резултати во испитите по математика.

Ако сте девојче, а вашата мајка е вработена, веројатно ќе заработувате повеќе од другите жени.

Истражување од Харвард открило дека ќерките на вработените мајки како возрасни имаат 23 отсто поголеми примања од девојчињата чии мајки го минувале времето дома.

Ако мајката ви давала љубов и внимание додека сте биле бебе, поверојатно е дека сте биле подобар ученик.

Кога родителите ќе им овозможат на детето топло опкружување полно со љубов и внимание до третата година, тие ќе постигаат подобри резултати во текот на школувањето, наведува истражување од 2017., објавено во US National Library of Medicine.

Ако вашите родители ве учеле да изразувате емоции, помала е веројатноста дека ќе се разведете.

Детскиот психолог Ребека Берген  за MyDomaine открила дека децата кои знаат да ги изразат емоциите и да објаснат како се чувствуваат подобро се снаоѓаат во романтичните врски како возрасни.

„Стилот на комуницирање е често резултат на искуствата и примерите во детскиот период“, вели таа.

Фото: Pixabey

loading...