Еве како изгледаат оние 10 сантиметри низ кои излегува новороденчето

Породувањето е најпрекрасното, но и болно искуство низ кое поминуваат жените, а иако е тоа познат факт, често се заборава колку ова искуство навистина било тешко

0
2576

Пејачката Стефани Кристијан неодамна на својот профил на Фејсбук закачила фотографија која ги покажува степените на ширење на грлото на матката и колку се всушност оние 10 сантиметри малку кога имате предвид дека низ тој отвор треба да помине едно бебе.

Да потсетиме, грлото на матката е целосно отворено кога е широко 10 сантиметри и тоа изгледа вака:

Вака изгледа отвор од 10 сантиметри. Ова е причината поради која мајките заслужуваат сѐ што ќе посакаат – порачала Стефани.

Нејзината фотографија предизвикала лавина од споделувања и коментари, а многу мажи признаваат дека дури сега ги сфатиле вистинските размери на болката при породувањето.

Фото: Pixabey

loading...