Еве кога би требало да ги почувствувате првите движења на бебето во стомакот

Повеќето од идните мајки желно исчекуваат да ги почувствуваат движењата на бебето бидејќи дури тогаш стануваат свесни дека во нив се создава и расте живо суштество.

0
155

Повеќето жени ќе ги почувствуваат првите фетални движења до 21.недела од бременоста. Кај прворотките тоа е најчесто помеѓу 18.и 21.недела од бременоста, додека во следните бремености движењата можат да ги почувствуваат уште во 15.и16.недела, вели докторката Шери Рос, стручњак за женско здравје од Санта Моника за popsugar.com.

„Движењата подоцна ги чувствуваат жените со поголем број на килограми или оние чија постелка е напред“, додава др.Рос и објаснува дека на почеток движењата ќе бидат нередовни, па жените може да ги мешаат со симптомите на надуеност или гасови.

Но не треба да се загрижувате колку е активно бебето се до третото тромесечје.

„Првите движења жените ќе ги почувствуваат кога седат или кога лежат во тишина и се концентрираат на сопственото тело, обично помеѓу 21 часот и 1 часот после полноќ“, објаснува таа. „Движењата можат да се почувствуваат и после јадење или после испивање на слатки напитоци“.

Др. Рос им советува на трудниците мерење на ударите дури во последното тромесечје. Тогаш би требало да го почувствувате бебето барем 10 пати во еден час два пати дневно.

„Ако чувствувате помалку движења, напијте се чаша сок и легнете на левиот колк“.

loading...