Еве што се случува кога ќе си фатите ‘со време’

Оваа жена има 31 година, 11 деца и признава дека очајно сака повеќе. Луѓе се навлекуваат на разни нешта, ама дека некој може да стане зависен од бремености и од мајчинство,, е навистина неверојатно...барем кога ќе дојде доттука - 11!!!!

0
179

Триесетиедногодишната Бритни Чрч од Канзас го добила своето прво дете, ќерката Кризман, неколку дена по нејзиниот 16. роденден. Тоа било во 2004. година, а оттогаш добила уште десет деца: 14-годишниот Џордан, 13-годишниот Калеб, 12-годишниот Џејси, 10-годишниот Каденс, осумгодишната Џесалин, тригодишниот Кристофер и едногодишните тројки Оливер, Ашер и Абел. Ако се собере сѐ, Бритни била бремена вкупно десет години.

И покрај тоа што има големо семејство, но и високи трошоци за живот, таа признава дека не е подготвена да престане и дека очајно сака уште повеќе деца. Таа сака да има 15 потомци.
Инеку, за храна семејството троши 300 долари неделно, или нешто помалку од 2.000 американски долари, само за храна и хигиенски средства.

„Се надевам дека ќе добиеме една ќерка наскоро. Никогаш не помислив дека ќе имам повеќе од 15 деца, но ниту 11. Мислев дека максимумот ќе биде четири”, вели Бритни.

Првите пет деца ги добила во брак со првиот сопруг, додека останатите ги добила откако е во брак со 28-годишниот Крис Чрч. Таа била самохрана мајка три години.
„Се срамев кога забременив со шестото дете затоа што сакав сите мои деца да го имаат истиот татко. Но, кога се роди Џесалин, таа беше толку убава што го снема целиот срам”, додава Бритни.

Не се грижела што ќе кажат другите, уживала во нејзиното големо семејство. Станува во 7 часот за да заврши сè. Подготвува појадок и проверува е-пошта додека пие кафе. Потоа ја пере облеката, а Крис ги вози децата на училиште. По ручекот, Бритни ја става тројката да спие и одвојува време за себе и за своите интереси. Потоа подготвува вечера и го прави остатокот од домашните работи. Сите деца се во кревет до 21 часот и таа потоа ужива во омилените серии.

Бритни и Крис живеат во куќа со пет спални соби. Во секоја соба спијат по две деца, додека тие ја споделуваат својата соба со тројките.
„Ако сѐ оди според планот, се надеваме дека ќе изградиме куќа на село, покрај езерото, бидејќи Крис сака да лови риби. Би сакале да имаме и некои животни, можеби и две кучиња и мачка”, вели таа.

Би се осмелиле ли вие да бидете мајка (родител) на 11 деца?

Фото: Инстаграм

loading...