Една мајка порачува: Научете ги децата дека некому и поинаквото му е совршено

Научете ги дека не е убаво да се потсмеваат и да покажуваат со прстот, дека не е убаво да зборуваат за децата со потешкотии дека се чудовишта, дека не е убаво да прашуваат дали се попаметни тие или песот.

0
246

Тања Томиќ Домиќ од Загреб, Хрватска, е мајка на две деца од кои едното е со потешкотии во развојот. Таа одлучила преку својот Фејсбук профил да ги замоли останатите родители за една важна работа и да испрати една важна порака до сите луѓе. Еве ја нејзината порака:

„Драги пријатели (знајни и незнајни), повеќето од вас знаат дека сум мајка на две прекрасни деца. За жал, Мила е дете со тешкотии. Таа не го избра тој пат. Не го избравме ниту ние како нејзино семејство. Како и останатите семејства со деца со потешкоти. Едноставно се најдовме во таа приказна и се трудиме најмногу што можеме. Да е лесно, не е.

Ви пишувам со молба да одвоите пет минути и да разговарате со своите деца дека не се сите родени под среќна ѕвезда да бидат здрави. Научете ги дека не е убаво да се потсмеваат и да покажуваат со прстот, дека не е убаво да зборуваат за децата со потешкотии дека се чудовишта, дека не е убаво да прашуваат дали се попаметни тие или кучето.

Нашиот син многу пати бил предмет на потсмев поради неговата сестричка, ни крив ни должен. Многу пати досега срцето ни се стиснало и очите ни се насолзиле. Нам Мила ни е совршена таква каква што е. Ве молам, научете ги дека некому и поинаквото му е совршено“.

Фото: Pixabey

loading...