Едно дете не е полесно од две

Канадскиот психолог Џордан Питерсон објаснува зошто смета дека еден не е добар број кога станува збор за бројот на деца.

0
451

„Мислам дека еден не е добар број. Не мислам дека е тоа лошо, туку тешко. Најпрвин, затоа што децата меѓусебно се солидаризираат и се забавуваат.

Кога имате две или повеќе деца, работите се во некоја рака полесни, затоа што децата ќе се забавуваат сами. Вие сте им потребни само кога имаат проблем, но освен тоа не го бараат вашето друштво и веројатно ниту вие нивното – имате свои обврски.

Кога имате едно дете, мора постојано да го забавувате а детето има проблем затоа што нема со кого по цел ден да ги извежбува врсничките односи.

Презаштитувањето на детето е веројатно последица од фактот што денеска родителите имаат едно дете и го добиваат подоцна отколку што било тоа претходно.

Тие се премногу оптоварени со грижата за тоа дали прават се како што треба, а детето нема браќа и сестри за да научи да се избори за своето место помеѓу децата.

Тие се како клученца кои не искусиле доволно груби игри со други кученца, а знаеме од студиите на животни колку е важна интеракцијата со другите подмладоци.

Затоа е добро да се имаат најмалку две деца, а и три е одлично. Тогаш тие се забавуваат меѓусебно. Да се има едно дете не е полесно отколку да се имаат две, не верувам во тоа“.

loading...