Експертите од Харвард објаснуваат како да се одгледа среќно дете

За најдобро воспитување не ви требаат скапи летувања или училишта, наместо тоа, сѐ се сведува на грижа и вистински вредности. Научниците од Харвард откриле како се одгледуваат среќни деца и што е важно.

0
343

Време е за забава

Децата учат за грижата и почитта кога се третираат со грижа и со почит, велат психолозите, пренесува Redbook. Најдоброто време да им покажете грижа и почитување е кога правите нешто забавно.

„Ставете го заедничкото време во неделниот распоред и не му оставајте ништо на случајот“, велат истражувачите. На тој начин, тоа ќе ви биде исто толку важно како и состанокот за работа.

Бидете добар пример

Експертите велат дека вашето дете учи морални вредности гледајќи ве вас. Обрнете внимание на тоа дали сте искрени, чесни и грижливи. „Никој не е совршен цело време“, велат тие. Вашите деца знаат дека не сте совршени или ќе знаат кога ќе дојдат во своите тинејџерски години, затоа искористете го ова како можност да разговарате за своите грешки со вашите деца.

Грижа за другите

Децата нема да знаат дека грижата за другите ќе ги направи среќни, освен ако не ги научите на тоа, велат експертите. Поставете високи морални очекувања. Резултатите сугерираат дека е важно да се создадат приоритети како што се обврски, чесност и правда. Направете го ова и ќе израснете личност која се грижи за светот околу себе.

Охрабрете ги да велат „благодарам“

Децата треба да ја научат благодарноста. „Многу е важно да знаат дека многу луѓе придонесуваат за нив“, истакнуваат психолозите. На овој начин, тие ќе прераснат во дарежливи луѓе кои помагаат, сочувствуваат и простуваат, а со тоа ќе бидат и посреќни и поздрави. Помогнете му на вашето дете да покаже благодарност за време на различни ситуации: за вечерата, за возењето со автомобил итн. Истражувањата велат дека е многу важно тоа да се повторува секој ден.

Разговарајте за проблемите во светот

Многу е важно детето да размислува за својот социјален круг, семејството и пријателите и да размислува за пошироката слика. „Важно е детето да развие грижа за луѓето кои живеат во други култури и заедници“, велат експертите. Поради ова, тие ќе бидат сочувствителни и подготвени да се поврзат со луѓе од различно потекло.

Мотивирајте ги да најдат цел

Со вклучувањето во заедницата, вашето дете ќе се научи на искреност, лојалност и како да работи со другите. Повеќето деца се природно заинтересирани за овие прашања. Вклучете го вашето дете во решавање на проблемите со кои се занимава вашата заедница или во областа која ги интересира, сметаат експертите.

Водете го вашето дете низ емоциите

Децата треба да научат како можат да се справат со своите емоции. Идентификувајте ги чувствата со вашето дете, разберете и пронајдете решение со нив. Научете ги како да ги решат проблемите. Психолозите сугерираат три чекори за смирување: застанете, длабоко вдишете на нос и издишете низ устата и бројте со пет. Штом ќе се смири, детето ќе може да зборува за своите проблеми.

Фото: Pixabey

loading...