Експертите предупредуваат: Малите бебиња не треба да пијат вода, тоа може да биде кобно!

Ова предупредување се однесува на децата помлади од шест месеци. Кај нив, дури и само голтка вода може да ги преоптовари бубрезите, што може да доведе до опасна состојба наречена хипонатремија, пишува The Sun.

0
466

Со доаѓањето на потоплите денови, сосема е нормално организмот да се обиде да се разлади со пиење дополнителни течности. Но, иако сите знаеме колку е важно да се пие вода, експертите предупредуваат дека во никој случај не треба да им се дава на малите бебиња.

Имено, дури и најмалата количина дополнителна вода може да влијае на балансот на водата во нивните малечки тела – а експертите тврдат дека тоа би можело да биде фатално. Ова предупредување се однесува на децата помлади од шест месеци. Кај нив, дури и само голтка вода може да ги преоптовари бубрезите, што може да доведе до опасна состојба наречена хипонатремија, пишува The Sun.

Фармацевтот Абас Канани изјавил за Yahoo UK: „Исто така, бубрезите кај новороденчињата под шест месеци се премногу незрели и водата може да предизвика интоксикација како резултат на нерамнотежа во електролитите како натриум. Ова може да предизвика хипонатремија, состојба во која премногу вода го намалува нивото на натриум во организмот. Што може да предизвика компликации како што се оток на мозокот, напади и, во екстремни случаи, смрт “.

Тој исто така посочува дека водата може да влијае и на нивната потреба за храна.

„Нивните желудници се многу мали и можат лесно да се наполнат со вода, што го отежнува добивањето на потребната храна“, објаснил тој.

Поради сето ова, повеќето експерти се согласуваат дека на бебињата под возраст од шест месеци не треба да им се дава ништо друго освен мајчино млеко или адаптирано млеко.

Сепак, за време на врелите денови, треба да се обрне внимание и на нивната зголемена потреба од течност.

„Како и возрасните, бебињата и малите деца треба да пијат многу течности за да избегнат дехидрирање. Ако го доите бебето, не треба да му давате вода, но можеби ќе сакаат да пијат млеко почесто”, објаснил др. Макс Дејви, службеник за подобрување на здравјето на Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје.

Фото: Pixabey

loading...