Експлицитна снимка од породување била прикажувана во детска емисија пред цели 40 години (ВИДЕО)

На децата од предучилишна возраст во Србија, практично и во цела екс Југославија, во втората епизода од легендарната емисија за деца „Полетарац“, е прикажана крајно експлицитна снимка од породување која во тоа време уредниците на е мисијата, па и родителите, сметале дека е сосема соодветна за децата на таа возраст. Дали вие денеска би им дозволиле на вашите деца да ја видат?

0
829

Дали сметаме дека нашите деца се неспособни да излезат на крај со призорот на породувањето? Родителите денеска често коментираат фотографии од породувања па сметаат дека е несоодветно ако на нив се гледа и дете кое дректно го набљудува излегувањето на бебето од вагината на мајката.

Ова се случило деновиве и на Фејсбук страната на српскиот портал „Детињарије“, ладешто во коментарите на објавените фотографии од породувања ширум светот, некои читатели забележале дека „не е соодветно“ тоа што едно дете директно го набљудува излегувањето на бебето од вагината на мајката.

Меѓутоа, дека директто набљудување на породувањето е целосно примерено за детската возраст, до пред неколку децении сметале и уредниците на детската програма и некогашните родители.

Имено, во легендарната емисија за деца „Полетарац“ на која со носталгија  се сеќаваат тогашните генерации како пример за квалитетна и „соодветна“ програма за деца, децата на предучилишна возраст – а денешни родители – имале можност да видат крајно експлицитна снимка на породување (17.06).

Дали во меѓувреме сме станале премногу конзервативни или сме изгубиле доверба во способностите на нашите деца да прифатат некои сосема природни појави?

Во истата емисија е прикажано и доење на бебе, што денеска исто така се смета за „непристојна“ глетка за јавност – став кој е постојана мета на критики на мајките и родителските здруженија.

Значи, колку сме доследни кога поддржуваме едно, а критикуваме друго? Што мислите за тоа и дали би му ја покаѓале оваа снимка на своето дете?

loading...