Екстремна лекција: Татко ѝ кажал на ќеркичката дека куклата ѝ умрела од корона

Еден татко од Америка чие семејство живее во област во која има многу заболени од корона вирусот, за да ја убеди својата петгодишна ќеркичка почесто да ги мие рацете, ѝ кажал дека нејзината кукла починала од корона. Што мислите за оваа бела лага, дали е претерана? Како вие ги убедувате вашите најмали да ги мијат рацете често и темелно?

0
210

Во светот владее пандемија на корона вирус. Ригорозните мерки што се преземаат и вестите од кои не можеме да се оттргнеме, покрај информирањето и прифаќањето на сериозноста на ситуацијата што ја зафати целата планета, несомнено носат вознемиреност и страв. Експертите советуваат да ги следиме нивните совети во борбата против вирусот. Одржувањето на хигиената и миењето раце треба да бидат наши приоритети.

Многу родители на мали деца биле соочени со континуирани препораки за често и темелно миење на рацете.

Како и играта „зеленчук камуфлиран во оброк за да внесе витамини во себе“, родителите на различни начини и со помош на различни приказни смислуваат разни десотки за да ги „инспирираат“ децата сериозно да се фатат за сапунот.

Така се појавуваат и екстремни случаи на „воспитување“.

Еден татко од Америка напишал на популарната веб-страница „Редит“ дека решил да ја убеди својата петгодишна ќерка да ја разбере сериозноста на ситуацијата и потребата од миење раце. Имено, неговото семејство живее во област каде се пријавени многу случаи на корона. Неговата работа е поврзана со грижата за постарите лица, и бидејќи тие се најчувствителни во овој период, тој смета дека е императив да се зголеми нивото на лична хигиена на неговите деца. Особено кај петгодишната ќеркичка која често одбива да ги следи правилата.

Така, тој излегол со план.

Тој на оваа страница споделил дека дошол до идеја да ѝ фрли една од куклите на неговата петгодишна ќерка и да го оправда нејзиното исчезнување со „факт“ дека куклата починала од вирусот корона.

Тој додал дека неговата сопруга му била многу лута поради ова. Детето било скршено, но тој тврди дека таквата постапка ги имала предвид најдобрите интереси на неговото семејство. Тој вели дека сакал да ги намали шансите за заболување на минимум.

Другите родители кои ја следеле ситуацијата на Редит исто така биле многу вознемирени од неговата приказна. Тие остро ја осудиле неговата постапка, предупредувајќи дека детето никогаш не треба да се измами на таков начин и дека можел да ја користи „креативноста“ на многу подобар начин.

Фото: Pexels

loading...