Жена завршила во болница кога од интимните делови почнало да ѝ тече млеко

Пет дена откако се породила со своето второ дете една мајка од Австрија повторно завршила во болница жалејќи се на силни болки и воспалена вагина од која излегувала млено бела течност, пренесува The Sun. 

0
320

Лекарите од Универзитетската болница Кеплер на почетокот мислеле дека станува збор за обична инфекција поради шевовите кои ги заработила во текот на породувањето. Во болничкиот извештај се наведува дека жената забележала отоци од двете страни на вагиналните усни и силно затегање, а слични симптоми имала и во текот на првата бременост.

Со ултразвук е на крајот утврдено дека жената имала во вагината ткиво од дојка кое лачело млеко. Немала брадавица, но постоел млечен канал.

Шевовите кои ги имала само предизвикале болно производство на млеко, поради што на крајот лекарите ѝ дале антибиотици за да ѝ спласнат отоците. Во текот на следните неколку недели, отоците се намалиле, а количината на млеко кое го произведувала нејзината вагина почело да забавува, стои во извештајот објавен во списанието Obstetrics & Gynecology.

Д-р Ричард Мејер од Одделот за гинекологија и гинеколошка ендокринологија рекол дека никогаш во животот не се сретнал со таков случај.

Околу еден до пет отсто од женските новороденчиња се родени со дополнително ткиво на дојка, но многу ретко такво ткиво се наоѓа во вагината, се наведува во извештајот. Најчесто вакво ткиво на дојка се јавува во подрачјето на пазувите.

Поради можноста за развој на малигнитет во ова ткиво би било паметно тоа да се отстрани затоа што не постојат насоки за лекување на таквото ткиво кое се наоѓа надвор од дојката“, советувале лекарите во овој случај.

Фото: Pixabey

loading...