Животот не е Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, да се воведе предмет ‘Природа и преживување’

Скопјанецот Владимир Михајловиќ, инаку производител на биохумус, мал производител и голем љубител на природата, предлага во иднина, во образованието да се воведе овој нов предмет, а за средношколците задолжително волонтирање во институции од јавен интерес

0
223

„Кога ќе заврши Ковид-19, под итно да се воведе задолжителен воен рок за девојки и момци! Да се научат нашите и вашите мамини и татини синови и ќерки што е реален свет, дека не се состои од Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.

Исто така и децата од деветолетките да имаат предмет Природа и преживување, снаоѓање, садење зеленчук, овошје и слично.

За средношколците пак, предлагам задолжително волонтирање во Црвен Крст, во градинки, домови за стари лица, болници и други институции од јавен интерес“, вели скопјанецот Владимир Михајловиќ, инаку, производител на органско микробиолошко ѓубриво-биохумус, мал производител и голем љубител на природата кој голем дел од своето време го минува на својата фарма во село Долно Лисиче.

Вели дека нема конкретен повод за овој негов предлог, освен она што секојдневно го гледа.

Повод да го споделиме неговото мислење е реакцијата која тој ја предизвика на социјалните мрежи, па додека се едни ЗА, другите сметаат дека за такво нешто нема потреба.

Што мислите вие за ова?

Фото: Pixabey

loading...