Заболувања во бременоста и аутизам

Истражувачите сугерираат дека зголемената секреција на цитокин како резултат од појавата на алергии, астма или псоријаза негативно влијае на развојот на мозокот на детето

0
230

Астмата, алергиите и псоријазата, особено ако се појават во второто тримесечје од бременоста, го зголемуваат ризикот од аутизам кај детето, откриле група истражувачи од Калифорнија.

Со истражувањето биле опфатени 88.000 деца, од кои 420 заболеле од аутизам. Истражувачите претпоставуваат дека зголемената секреција на цитокин како последица од појавата на алергии, астма или псоријаза негативно влијае на развојот на мозокот на детето.

Аутизмот е болест која се јавува кај 0,6 проценти од детската популација, почесто кај момчињата, а ја карактеризираат послаби социјални способности и приврзаност кон утврдени активности.

Фото: Pixabey

loading...