Забранета продажба на енергетски пијалоци на децата во Велика Британија

Заради сѐ поголемата зависност од енергетски напитоци и нуспојавите кои тие ги предизвикуваат, во Велика Британија е воведена забрана за продажба на такви производи на деца помлади од 16 години. И покрај последиците кои можат да ги имаат, сопствениците на продавниците и натаму им ги продаваат, откриено е со истрага на терен.

0
17

Повеќе од половина од децата (54 отсто) купиле енергетски напиток без никаков проблем, иако речиси сите големи продавници на почетокот од годината поставиле ограничување на продажбата во зависност од возраста за да го запрат купувањето на пијалоци кои содржат повеќе од 150 мг кофеин по литар помеѓу помладите од 16 години.

Во рамки на британската малопродажна проверка, тинејџери преправени во тајни купувачи купиле повеќе од 550 енергетски напитоци ширум земјата.

„Владее конфузија околу дефиницијата на енергетските пијалоци, кој смее да ги купува и како да се провери возраста“, изјавил шефот на истрагата Ед Хејвер.

Дали сметате дека и кај нас треба да се воведе ваква забрана за децата под 16 години?

Фото: Pixabay

loading...