Задутре во Скопје: Најмасовен јога час на отворено

По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, ги покануваат сите на најмасовниот Јога час, кој ќе се одржи на 21 јуни, во 19 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

0
121

Во четврток (21.јуни), индиската амбасадорка Н.Е. г-ѓа Пуџа Капур од Индиската амбасада во Софија, во присуство на членови од дипломатскиот кор од други амбасади, видни личности и медиуми ќе го отвори настанот по повод Меѓународниот ден на јогата.

Во знак на одбележување на Меѓународниот ден на јогата, амбасадата, во соработка со македонските јога друштва и школи, ги покануваат сите на најмасовниот Јога час, кој ќе се одржи на 21 јуни, во 19 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Настанот ќе го поддржат и ќе земат учество повеќе јога друштва: Healthy YOGA, Joga Studio Delfy Spirit, Inside Yoga, 108 Yoga House, Sri Sri School of Yoga Macedonia, Art Excel Macedonia, Happy Yoga Macedonia, The Yoga Sangha и Уметност на живеење Македонија – Art of Living Macedonia.

И оваа година, одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата по четврти пат ќе го обедини целиот свет, сите земји, милиони луѓе без разлика на нивната боја, религиска припадност, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе, мир во целиот свет. Колку повеќе луѓе се присутни на настанот, толку поубава енергија ќе се рашири низ етерот, порачуваат организаторите.

На 23 јуни, со почеток во 10:30 часот ќе следи уште еден целодневен настан во Центарот за јога, ајурведа и медитација на бул. „Св. Климент Охридски” бр.48, 1000 Скопје (поранешен Булевар, веднаш до Вулкан).

Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку: теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација.

loading...