Замрзнати лижавчиња од пудинг и шарени бонбони

Еве една совршена идеја за некој детски роденден или пак онака, за да им ги понудите наместо обичен сладолед.

0
50

Состојки:

Пудинг сварен по упатствата на кесичката (ванила, малина, чоколадо…)

M&M бонбони

Парченца чоколадо

Чоколадни кекси

Мали пластични чашки

Сламки

Приготвување:

Сварете го пудингот и оставете го да се олади на собна температура

Децата нека ги одберат сами омилените додатоци и нека ги стават на дното од малите пластични чашки.

Здробете ги кексите, исечкајте ги бонбоните и чоколадото па ставете ги во чашките. Потоа ставете го пудингот, боцнете по една сламка и ставете ги во замрзнувач на неколку часа.

loading...