Запознајте го вистинскиот Могли

Веројатно нема ниту еден човек или дете кој не слушнал за легендарниот Могли од познатото дело на Радјард Киплинг, Книга за џунглата. Сепак, многу луѓе не знаат дека оваа книга е инспирирана од вистинска приказна и дека ликот на Могли е направен според ликот на момчето кое во 1872 година било пронајдено како живее во џунгла

0
204

Запознајте го Дина Саничар, или „индиското момче-волк“, реално момче кое живеело во 19 век и го одгледале волци – многумина веруваат дека Дина е вистинската инспирација за Книгата за џунглата, иако треба да се напомене дека вистинската приказна не е забавна како онаа на која сме навикнати. Во реалноста, таа е многу потрагична…

Всушност, Дина било едно од многуте диви деца кои биле пронајдени во Индија низ годините. Излегува дека земјата има долга историја на деца одгледани од сите видови на животни, како што се пантерите, кучињата, па дури и кокошките.

Во 1872 година, Дина Саничар бил откриена од група ловци во Утар Прадеш. Момчето одело на сите четири нозе и следело глутница волци.

Потоа, момчето, заедно со неговите придружници, се повлекле во џунглата. Целата глетка била интригантна и апсолутно застрашувачка за ловците. Бидејќи мистериозното момче го разбудило нивниот интерес, екипажот бил решен да го фати момчето. Прво, ловците се обиделе да ги извадат од пештерата со тоа што ја запалиле. Кога конечно излегле волците и момчето, ловците ги убиле волците и го зеле момчето со себе.

Ловците го однеле момчето во сиропиталиште каде го крстиле и тоа го добило името Саничар, што значи „Сабота“ на Урду, бидејќи тоа е денот кога пристигнал во сиропиталиштето.

Саничар многу се мачел. Претпоставувале дека момчето има навистина низок коефициент на интелигенција: татко Ерхарт, кој бил шеф на сиропиталиштето, истакнал дека иако момчето „несомнено било пагал (имбецилно или идиотско), сè уште покажува знаци на разум, а понекогаш и вистинска итрина”. Покрај тоа, тој никогаш не научил да зборува. Во сиропиталиштето, многумина се обиделе да го научат, но тој никогаш не успеал да научи како да зборува, да чита или да пишува.

Момчето комуницирало правејќи животински звуци и продолжило да оди на сите четири. Се верувало дека кога го нашле имало шест години.

И покрај тоа што на крајот Саничар научил да оди на две нозе, тој сепак се спротивставувал на носењето облека и претпочитал да биде гол.

Покрај тоа, кога за прв пат пристигнал во сиропиталиштето, одбил да јаде зготвен оброк и ги острели забите на коски.

Но, и покрај тоа што не покажал речиси никакви човечки црти, тој успеал да стекне човечки пријател. Во сиропиталиштето имало уште едно дете, кое исто така пораснало со животни. Бидејќи и двете момчиња пораснале во дивиот свет, тие имале тежок период во односите со луѓето и тоа веројатно било причината зошто успеале да ја формираат оваа посебна врска меѓу себе. Отец Ерхарт забележал дека „чудна врска на сочувство ги споило овие две момчиња, а постариот го научи помладиот да пие од чаша“.

Една од малкуте човечки навики што Саничар ги прифатил во својот живот било пушењето!

Многумина веруваат дека пушењето е она што подоцна го натерало да развие туберкулоза.

Развојот на Дина генерално, не бил нормален: дури и по 10 години живеење меѓу луѓето, тој бил многу анксиозен, едвај пет стапки висок, имал многу големи заби и ниско чело. Откако го поминал поголемиот дел од своето детство со волци, тој сигурно се чувствувал како збунет странец, насилно одвоен од својот дом.

Дина починал во 1895 година од туберкулоза. Имал само 29 години.

Како што споменавме порано, имало многу извештаи за живи деца кои биле одгледани од животни и пронајдени во Индија низ годините.

Вио периодот на откривањето на Дина, во Индија биле пријавени уште четири пронајдени деца – волци, а со текот на годините имало и многу повеќе вакви случаи.

Еден од најпознатите случаи било наоѓањето на две девојчиња по име Амала и Камала. Наводно, овие девојчиња биле спасени од глутница волци во Индија во 1920-тите години. Мажот што ги нашол тврдел дека тие завивале на Месечината, оделе на сите четири и јаделе само сирово месо.

Има многу повеќе приказни како овие, но многу од нив биле подоцна разоткриени. Па, претпоставувам, никогаш нема да знаеме.

Овие приказни за живи деца израснати од животни инспирирале многу писатели и поети.

Еден таков уметник бил Радјард Киплинг, кој ја напишал познатата книга за Могли, наречена Книга за џунглата. Авторот никогаш не тврдел експлицитно дека неговиот лик Могли се заснова на Дина Саничар, иако делот во кој бил замислен ликот го прикажува начинот на кој бил фатен Дина. Покрај тоа, временската рамка се поклопува совршено, бидејќи книгата била објавена приближно 20 години по откритието на момчето.

За разлика од Могли, Дина не ја напуштил џунглата доброволно и бил принуден повторно да се врати во човечкото општество.

И покрај тоа што бил присилно вратен во општеството, тој никогаш не успеал да ги исполни очекувањата на оние околу него. Откако ги поминал првите 6 години од животот живеејќи во џунгла, за него било едноставно невозможно да го пренасочи мозокот и да се претвори во вистинско човечко суштество. Значи, до крајот на животот, тој продолжил да биде ова фасцинантно трагично суштество какво што било условено да биде.

На некој начин, Дина бил врзан психолошки и развојно да остане во џунглата до крајот на животот.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Wikimedia Commons

loading...