Заради ова ретко пореметување, умираат навидум здрави бебиња

Ризикот од „смрт во колевка“ или синдром на ненадејна смрт на доенчињата може да биде зголемен поради ретката генетска мутација која ги погодува мускулите за дишење, изјавиле научниците

0
376

Студијата објавена во стручното списание Лансет, првпат ја изнесува можноста за поврзаноста на синдромот на ненадејна смрт на доенчињата (SIDS) – една од водечките причини за смрт на доенчињата – со генетска мутација.

Студијата ја спровеле научниците во Британија и во САД, а била сконцентрирана на генот SCN4A за кој се верува дека има важна улога во разјаснувањето на (SIDS). Мутации на тој ген имаат помалку од пет на 100 илјади луѓе.

Гени кои ја контролираат функцијата на мускулите за дишење

Во студијата се опфатени 278 деца кои умреле од SIDS, а научниците откриле четири случаи на мутации, додека во контролна група од 729 здрави деца не е најден ниту еден случај на мутации.

„Нашата студија е прва која ја поврзува генетската причина за послаби респираторни мускули со SIDS и сугерира дека гените кои ја контролираат функцијата на мускулите за дишење би можеле да бидат важни во тој случај“, изјавил професор Мајкл Хана од Центарот за невромускулни болести при Универзитетот College во Лондон.

Ги погаѓа бебињата од два до четири месеци

„Меѓутоа, ќе бидат потребни уште истражувања за да се потврди и во целост да се сфати таа врска„, рекол Хана, еден од автоерите на студијата. SIDS претставува необјаснива смрт на навидум здраво дете во текот на првата година од животот, а обично ги погодува бебињата во период од два до четири месеци. Годишно во Велика Британија има 300 такви смртти, додека во САД – 2.400.

loading...