За мајките после триесетата

Мајчинството во било кој период од животот е преубаво. На пример, ако се одлучите да станете мајки на 35 или повеќе, веројатно ќе имате многу предности во однос на помладите мајки.

0
416

Постојано се зборува за то која возраст е најдобра за да се стане мајка и има многу за и против кога станува збор за мајчинството после 35-тата, но со оглед на тоа што сѐ повеќе жени стануваат мајки сѐ подоцна, ќе се задржиме на предностите.

Така на пример, повозрасните мајки, генерално, имаат повеќе самодоверба. Посигурни се во своите родителски одлуки и се помалку подложни на влијанието на различни совети и главно, противречни ставови на разни родителски школи.

За чувството на сигурност кај детето, самодовербата на родителите е од непроценлива важност.

Постои нешто многу поважно од тоа дали е мајката попустлива или строга, дали верува во шлапкање по газето или смета дека детето не смее да се тепа, дали некогаш ќе го пушти бебето да плаче или веднаш ќе преземе нешто, дали ќе дои или ќе го храни бебето со формула.

Од тие конкретни родителски одлуки за детето е поважно мајката да е во мир со себе. Мајката која е сигурна во себе и во своите родителски одлуки (тука секако не станува збор за мајките кои ги малтретираат своите деца, туку за здрави, добронамерни мајки), за детето е многу подобра од мајка која се обидува сѐ да направи како што треба, а притоа е констатно под стрес и исплашена од можноста да погреши.

На пример, мајка која ќе одлучи да го храни детето со формула и е сигурна во исправноста на својата одлука, ќе направи многу повеќе за своето дете отколку мајката која се обидува исклучиво да дои, а заради тоа е констатно ненаспана, исцрпена и несреќна. На бебето му е потребна пред сѐ среќна и стабилна мајка.

Поголема е веројатноста дека мајките на 35+ имаат поздрава и постабилна врска. Со годините научуваме да ја правиме својата сопствена среќа, да создаваме со партнерот хармоничен однос и поодлучно дабараме партнер со кој можеме да создаваме таков однос. За детето е од непроценливо значење да расне во семејство во кое мајката и таткото искрено се сакаат и се почитуваат. Тоа се чувствува безбедно и заштитено. Освен тоа, со својот пример му даваме психолошка дозвола и самото еден ден да бара за себе иста таква врска и да не се задоволува со ништо поинакво.

Децата на повозрасни родители се сакани деца. Тие се долго чекани. За нивното доаѓање на свет се планирале услови, се чекал најповолен момент во животот, да имаат сѐ што треба, да имаат најдобар татко и најдобра мајка, да им биде сѐ таман.

Децата на повозрасните родители можеби ќе имаат и некои ограничувања. Затоа што нивните родители биле на нивни години од поодамна, можеби нема секогаш да ги разбираат, колку што би ги разбирале доколку би биле помлади. Секако, ова би можело лесно да се надмине ако се родителите заинтересираи да учат. Исто така, и генерациски јаз од 20 години може да биде огромен доколку родителите не сакаат да учат за тоа каков е светот во кој живее нивното дете.

Повозрасните родители можат да бидат под поголем притисок од животните обврски (позната е т.н. „сендвич“ генерација – генерација која се грижи за своите мали деца и за своите веќе остарени родители).

Често се вели дека повозрасните родители се понервозни и дека имаат помалку енергија. Меѓутоа, ако погледнете нервозна личност – таа е преполна со енергија. Лутина, бес, напнатост – сето тоа е силна енергија усмерена на погрешна страна. И помладите можат да бидат напнати и нервозни исто како и повозрасните.

Количината на енергија не зависи од бројот на годините, туку од приоритетите кои ги има таа личност и начинот на кој го согледува и го толкува она што ѝ се случува. Доколку, на пример, на неспиењето и исцрпеноста кои ѝ ги донело новороденчето гледа како на минлива состојба, како на нешто што брзо ќе помине, и ако гледа тој период да биде што можно помалку тежок, ќе има повеќе енергија. Во спротивно, кога е ненаспана, станува очајна и огорчена, па има помалку волја и енергија.

Со годините расте животната мудрост – работите ги поставуваме во поинаква перспектива и поинаку ги вреднуваме.

Не не загрижуваат непотребни работи, не губиме време со нив. Од друга страна, повеќе енергија и време трошиме на она што ни е важно.

Фото: Pixabay

loading...