Зборувајте им на бебињата додека се во стомак, ќе запомнат

Знаеме дека бебињата ги слушаат звуците додека се во стомакот на мајката, а тоа на најубав начин го потврдува и оваа топла приказна од Бразил

0
241

Упорно му зборувал на бебето додека било во стомакот и еве како тоа му возвратило која сигурно ќе ве поттикне да разговарате со своето бебе и пред да дојде на овој свет и да се запознаете лице во лице.

Тарсила Роса и Флавио Дантас му се веселеле на доаѓањето на свет на своето прво дете, ќеркичката Антонела. Всушност, нејзиниот татко бил толку нетрпелив што секој ден ѝ зборувал, наутро пред да оди на работа и потоа, откако ќе се врател.

Упорно ѝ повторувал колку ја сака, галејќи го стомакот на жена му. Иако не бил сигурен дали неговите зборови може да стигнат до бебето, тој не престанал да зборува со бебето во текот на целата бременост, а кога тоа се родило, му покажало дека цело време го слушало.

Таткото ги повторил зборовите што му ги кажувал додека било во стомакот и бебето го поздравило со најискрена насмевка – почнало да се смее веднаш штом неговиот татко почнал да зборува. За среќа тие имале камера со која го овековечиле овој момент.

Разговарајте со вашето бебе додека е во стомакот бидејќи тоа го стимулира неговиот развој

Истражувањата од областа на пренатална стимулација покажуваат дека галењето на бебето преку стомакот на мајката, свирењето на нежна и мелодична музика и нежното осветлување и вибрациите се пријатни стимуланси за нероденото бебе, пренесува порталот mother.hr.

Д-р Томас Р. Верни, еден од водечките светски експерти за влијанието на пренаталната и раната постнатална средина врз развојот на бебето, вели: „Секоја минута се формираат нови клетки во мозокот на нероденото бебе. Паралелно со нив, се создаваат и мозочни врски кои помагаат во комуникацијата. Колку повеќе ја стимулирате кожата или слухот на бебето, толку повеќе ќе се развијат и ќе зајакнат мозочните врски и, кога ќе се роди, бебето ќе биде поподготвено да го запознае светот “.

Научните истражувања покажаа дека родителите кои обрнуваат внимание на пренаталната стимулација и комуникација со своето бебе подоцна развиваат многу поблиска врска со своето бебе. Затоа, одвојте време за ова.

Фото: Инстаграм

 

loading...