Здодевно ми е со моето дете. Дали сум лоша мајка?

Молам? На мајката да ѝ биде здодевно со роденото дете? Или на детето со мајката? Тоа е недозволиво! Треба да биде весело, забавно и позитивно

0
158

Никој не сака да му биде здодевно. Луѓето не ја сакаат досадата, мајките, татковците, бабите и дедовците не сакаат децата да им се досадуваат. Воспитувачите исто така се трудат во градинката да нема досада. Цело време детето мора со нето да се забавува за да не му биде здодевно. Само да не остане само со себе.

Здодевно ти е? А зошто е тоа толку страшно? Што има тука толку лошо? Зошто се секирате ако ви е вам здодевно со вашето родено дете? Затоа што мајката на детето на кое му е здодевно е „лоша мајка“? На детето на добрата мајка никогаш не му е здодевно?Многу велат дека детето треба да оди во градинка затоа што „дома е здодевно“? А во градинка не е?

Поради музиката и разните активности? О да – во најдобар случај хемиски експерименти. Нема тука многу развој.

Да кажеме во поглед на креативноста – прават што ќе им се каже, а не што би сакале тие.

Од постојаната стимулација, креативноста гасне. Бидејќи, уметноста е родена од досада. Дури тогаш почнуваат да се откриваат вистинските интереси на детето.

А досадата на мајката? Тоа е посебна приказна. Зарем е можно на мајката да ѝ биде здодевно со роднеото дете? Или на детето со мајката? Тоа е недозволиво! Треба да биде весело, забавно и позитивно!

Но и на мајките знае да им биде здодевно. Почесто отколку што би смеела и да помисли.

Не им е забавно да ја читаат Пепелашка по 35.пат, не им е забавно да ги собираат играчките, да копаат песок, да седат во паркот или да прават ручек. И колку се децата помали, толку им е помалку забавно, како што им растат децата, така им е позабавно.

Затоа што мајките не се мали деца за да им биде постојано забавно со мало дете. Ним им е забавно со возрасните, па и тоа не баш секогаш и не баш со сите. Забавно им е кога се занимаваат со нешто што нив ги интересира.

И стручњаците тврдат дека е тоа сосема нормално. Мајката не е забавувач. Мајката е потпора, база, засолниште. Мајката е појдовна точка за безбедност, мајката е доверливост, мајката е топлина, мајката е одговор на потребите, мајката е онаа која прифаќа, мајка е онаа која простува, но таа не е кловн, ниту пак аниматор.

Мајката има други задачи. И мајката има право да ѝ биде здодевно во друштво на своето дете. Исто како на другите чувства. Важно е како излегува на крај со нив.

Здодевно им е постојано да готват, но сакаат да си го нахранат семејството. Здодевно им е постојано да одат на прошетка, но одат затоа што сакаат нивните деца да го запознаат светот.

Тие се спремни да им биде здодевно и да го признаат тоа. Не им е срам да го признаат тоа. Напротив, се надеваат дека и тие во својата досада ќе дојдат до нови откритија.

Фото: Pixabey

loading...