Здрава ужинка за вас и вашите деца

Овој леб од овесни снегулки и мак е едноставен за правење, па во него ќе уживате и вие, но и вашите деца.

0
180

Ако имате дома дете кое сака да јаде нешто благо за појадок или помеѓу оброците, направете го ова лепче-колач без брашно и шеќер, со сок од лимон, мед, мак и овесни снегулки.

Не е премногу слатко, па доколку сакате, можете да го намачкате со некој домашен мармалад, на пример, со мармалад од сливи.

Состојки:

2 ипол шолји овесни снегулки

4 јајца

1 шолја павлака

¾ шолја мед

¼ шолјичка сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон

¼ шолја мак

1 прашок за пециво

Прстофат сол

Приготвување:

Овесните снегулки смелете ги во блендер и оставете ги настрана.

Во еден поголем сад изматете ги јајцата па додадете ја павлаката и мешајте додека не се добие компактна смеса. Додадете мед, лимон и кора од лимон и одново измешајте.

Во смесата додадете смелени овесни снегулки, мак, прашок за пециво и сол. Мешајте додека смесата не се изедначи. Ставете ја во калап и печете во рерна загреана на 180 степени 30 до 35 минути.

loading...