Здрави и убави велигденски јајца: Три успешни начини за фарбање со природни бои

Фарбањето јајца со еколошки бои ќе го направи велигденскиот ритуал уште поинтересен, а се што ви е потребно се црвена зелка, куркума и кромид.

0
593

Црвена зелка за сини и зелени јајца

Состојки:

Јајца

Црвена зелка

Вода

Оцет

Мраз

Сода бикарбона

Приготвување:

  1. Исечете толку зелка колку што мислите дека ќе ви биде потребно, исечкајте ја ситно и ставете ја во тенџере со вода. Треба да има таман толку вода за да бидат јајцата сосема покриени.
  2. Почекајте зелката да зоврие и потоа додадете 1-2 лажици оцет.
  3. Внимателно ставете ги јајцата во тенџерето и внимавајте да не се ладни, односно, извадете ги од фрижидер и оставете ги да отстојат барем два часа на собна температура затоа што во спротивно може да ви испукаат.
  4. Варете ги јајцата 10 минути или подолго, а потоа извадете ги од зелката и спуштајте ги во ледена вода за да не продолжат да се варат од сопствената топлина. Ако при рака немате мраз, можете да ги ставите под млаз вода.
  5. Кога водата од зелката ќе се излади, ставете ја во два сада, доволно длабоки за да бидат јајцата целосно покриени. Во еден сад додадете малку сода бикарбона (1 лажичка во чаша од 2 дцл). Другиот сад оставете го каков што е.
  6. Течноста во садот со сода бикарбона посинува бидејќи црвената зелка се однесува како лакмус хартија, во базна средина се бои во сино а во кисела во црвено. Со помош на сината течност ќе добиеме зелени јајца, а црвената, ќе ни даде сини јајца.
  7. Ставете ги јајцата во течноста и чувајте ги во фрижидер. Некои рецепти препорачуваат да стојат цела ноќ, меѓутоа, треба да се проверуваат затоа што можат да станат премногу темни.

Куркума за жолти јајца

За три јајца ви се потребни:

Јајца

2 лажици куркума

7,5 дцл вода

Оцет

Малку сол

Приготвување:

  1. Помешајте ги зачинот, водата, лажица оцет, малку сол и потопете ги јајцата.
  2. Загрејте ја водата до вриење и сварете ги јајцата како и инаку. Куркумата многу брзо ги бои јајцата такашто најверојатно ќе бидат обоени веднаш штом ќе се сварат.
  3. За секој случај, не ја фрлајте жолтата боја, туку извадете ги јајцата во посебен сад со ледено ладна вода за да не се варат и понатаму од сопствената топлина.
  4. Кога ќе се оладат, извадете ги и оставете ги да се исушат. До тогаш ќе ви стане јасно дали ви е бојата доволно интензивна или не. Ако не е, само вратете ги во водата која сте ја зачувале и нека постојат малку во фрижидер.
  5. Кога сосема ќе се исушат, премачкајтре ги со зејтин за поубаво да светат.

За бордо јајца, вода од кромид

Потребни ви се:

Лушпи од кромид

3 јајца

1/5 л вода

Оцет

Сол

Приготвување:

  1. Ставете неколку лушпи кромид на фолија, поставете ги јајцата одозгора, додадете уште неколку лушпи врз јајцето и стуткајте ја фолијата околу сето тоа.
  2. Ставете ги јајцата во ладна вода и додадете лажица оцет и лажичка сол.
  3. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете 2 минути. Потоа тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете ги јајцата да внатре уште 11 минути.
  4. За тоа време тие ќе примат убава портокалова боја. Ако ви изгледаат доволно темни и обоени истурете ја водата и оставете ги да се ладат во ладна вода која често ќе ја менувате за да не се преварат од сопствената топлина.
  5. Ако не се доволно обоени, зачувајте ја водата, па која ќе се оладат и јајцата и водата, вратете ги внатре и оставете ги во фрижидер додека не ја добијат бојата што ја посакувате.
loading...