Здравствени митови во кои веруваат многу родители

Меѓу останатите, сѐ уште е актуелно верувањето дека вакцините предизвикуваат аутизам, дека дубакот им помага да проодат, дека можат да настинат ако одат на ладно, и уште некои во кои родителите веруваат иако лекарите веќе долго знаат дека не се точни?

0
527

Педијатарот Дејвид Л.Хил за Parents.com вели: „сретнав премногу родители кои имаат некои потполно застарени и потенцијално опасни убедувања кога станува збор за здравјето на нивните деца“. Еве кои здравствени митови ги наведува како најраспространети:

Вакцините предизвикуваат аутизам?

Според др.Хил се почестите епидемии на заразни болести (мали сипаници, голема кашлица) помеѓу невакцинираните деца влијаат на тоа ставот на родителите полека да се менува. Во однос на претходно, денеска среќавам се помалку родители кои се спротивставуваат на вакцинирањето, вели тој. На оние кои се загрижени им предлага да го прочитаат неодамнешниот извештај составен врз основа на дури 20.478 научни статии за вакцините кој покажува дека нема никаква врска помеѓу аутизмот и вакцинацијата.

Дубакот им помага на бебињата да проодат

Педијатрите сметаат дека бебињата не би требало никогаш да се ставаат во дубак од две причини: затоа што тка всушност поавно ќе научат самостојно да ползат, да седат и да одат и затоа што бебето во дубак лесно може да падне на пример, по скали и да се повреди. Некои нови модели на дубаци сега имаат кочници за да се намали ризикот од паѓање и се пошироки за децата да не можат да поминат низ вратата, но и натаму не се доволно безбедни.

Соковите се добри за децата

„Иако на дете постаро од 6 месеци можете да му понудите 100% чист овошен сок, налевањето со сокови полни со шеќер води кон расипување на забите, проблеми со гасови и дебелеење. Доколку детето пие сок пред или во текот на оброкот ќе внесува помалку вистинска храна. Децата на возраст од една до шест години би смееле да испијат најмногу 170 г сок дневно, а децата постари од 6 години не повеќе од 340 грама. Пробајте да го навикнете детето да пие вода и бидете трпеливи.

Која е најдобра диета за децата со диареја?

Банани, ориз, пире од јаболка и тост. Ова лекарите им го препорачува со децении на децата со пролив. Идејата е дека со ограничување на влакната, маснотиите и протеините ќе се смири стомакот. Меѓутоа, со оваа исхрана детето нема да внесува доволно хранливи состојки и всушност потешко ќе се избори со инфекцијата и ќе си ја врати силата. Од друга страна не постои доказ дека ваквата диета ќе ја ублажи диарејата. Најдобро е детето да се храни како и обично, освен ако не повраќа. Она што не треба да му давате на детето со диареја се благо, кекси, сокови и бонбони.

Излегувањето на запчиња предизвикува покачена температура и пролив

Родителите со векови ги обвинуваат запчињата за разни детски тегоби – температура, пролив, кашлица. Никнувањето на запчињата кое почнува околу шестиот месец и трае до третата година предизвикува засилено лачење на плунка, чешање на непцата, нагон за џвакање, нервоза, намален апетит и понекогаш благ пораст на тенпературата. Меѓутоа, сериозна диареја и температура до 39 °C и повеќе, не можат да бидат последица од никнување на забите, па доколку се присутни треба да се бара друга причина за нив.

Седиштето за автомобил треба да се сврти нанапред кога детето ќе наполни 1 година

Истражувањата покажале дека детето во седиште свртено наназад е пет пати побезбедно затоа што му се заштитени вратот, главата и рбетот. Затоа денеска се препорачува седиштето да се сврти нанапред најрано кога детето ќе полни две години. Можеби на детето му е поинтересно кога гледа каде одите но безбедноста е сепак на прво место.

Ако излегува на ладно детето може да настине

Настинките се почести на есен и во зима, но тоа нема врска со ниските температури, туку со фактот што луќето во зима повеќе се собираат во затворени простори кои заради студот послабо се проветруваат. Така вирусите имаат повеќе можност да преоѓаат од еден човек на друг.

 

loading...