Зимски радости спакувани во книга

Издавачката куќа „Феникс“ во пресрет на новогодишните празници издаде уште една нова илустрирана книга за најмалите.

0
148

„Зимски радости“ е нова илустрирана креативна книга со зимски активности, игри и приказни. Во книгата покрај едукативните активности се објавени и зимската авторска бајка „Дедо Мраз и Баба Зима“ и песната „Дедо Мраз гради фабрика за чоколади“.

Во содржината на оваа илустрирана книга за деца ќе најдете: Новогодишна приказна, новогодишна песна, новогодишна честитка, новогодишна боенка, зимски игри…

Книгата по цена од 100 денари можете да ја најдете на продажните места на ВиАрт/Феникс, во книжарниците со кои соработува Феникс или преку достава.

 

loading...