Знаете ли дека оваа храна предизвикува проблеми со плодноста?

Двојките кои се обидуваат да имаат деца би требало да бидат пребирливи кога станува збор за изборот на производите кои секојдневно ги консумираат, тврдат научниците. Ако јадат големи количини овошје и зеленчук кое има високо ниво на пестициди, жените ќе бидат помалку плодни.

0
449

Според некои податоци, ако консумира само еден производ богат со пестициди, шансите жената да остане трудна се помали за 79 проценти, а шансите детето да се роди живо се помали дури за 88 отсто.

Се поставува прашањето дали треба трудниците и жените кои сакаат да имаат деца да јадат само органски производи? Стручњаците наведуваат дека нема доволно докази кои зборуваат дека треба да се јадат само органски верзии на овошје и зеленчук, но одредени намирници секако мораат да бидат одгледани без пестициди.

На пример, органската храна како портокали или авокада не е најдобар наќин за намалување на изложеноста на пестициди. Разумен пристап би бил да се ограничи изложеноста на овошје и зеленчук полни со пестициди како што се јаболката или јагодите и друга храна која се јаде цела и има потенка лушпа која пропушта пестициди.

Дознајте кое овошје и зеленчук се најмногу третирани со пестициди!

Производите кои имаат висок процент на пестициди се: спанаќот, јагодите, пиперките, грозјето, кељот, јаболките и доматите. Од друга страна, авокадото, гравот, кромидот, сливата, карфиолот и портокалите обично имаат пониско ниво на остатоци од пестициди па можете да ги јадете и оние кои не се органски одгледани.

Претходните истражувања покажале дека пестицидите можат да ги пореметат хормоните кај животните, како и дека производите кои се богати со пестициди се поврзани со нискиот квалитет на спермата. Но тоа не значи дека пестицидите се единствена и главна причина за лошата состојба на спермата кај луѓето.

Некои стручњаци истакнуваат дека луѓето треба да имаат на ум дека денешната храна е изложена на многу пониско ниво на пестициди отколку наназад во годините, благодарение на контролираната примена на хемикалии. Но факт е дека намирниците богати со пестициди (кои можеби ги јаделе и вашите родители) не делувале на децата чии родители јаделе високо пестицидни производи. Со тоа не може да се докаже дека пестицидите директно влијаат на трудниците и на децата.

Многу работи се промениле, во храната има значително помалку инсектициди, а луѓето се посвесни за опасностите. Сепак, плаќањето абнормални цени за органскиот зеленчук и овошје кои обично не се изложени на пестициди, би било губење на пари па луѓето не мора строго да се придржуваат до тие упатства. Ако сакате да ја намалите изложеноста на пестициди, почнете со веќе наведените намирници кои имаат високо ниво, а останатите производи продолжете да ги купувате како и досега.

loading...