Знаци што ќе ви помогнат да го разберете своето бебе

Начинот на кој плачат,звуците што ги прават, движењата на телото...сето тоа ќе ви помогне да разберете што сака дави каже вашето бебе уште од првиот ден

0
1051

Кога бебињата се навистина мaли, родителите имаат многу стравови за благосостојбата и здравјето на нивните малечки. Тие се обидуваат да погодат што е она што нивното бебе го сака и што е тоа што може да му предизвика непријатност. Но, како да ги разберете бебињата? Експертите изложуваат три главни методи кои можат да ви помогнат да си ја олесните комуникацијата со бебињата.

Додека секој родител учи да ги разбере и интерпретира индивидуалните знаци на сопственото бебе, ние ќе ви напишеме некои општи правила кои се користат за да се разберат нивните потреби.

Начинот на кој плачат

Плачот е главен начин на кој бебето ги изразува своите потреби во текот на првите 4 месеци од животот. Но, како родителите можат да разберат дали бебето плаче поради глад, болка или нешто друго?

Повикувачки плач. Бебето е долго време само, и сега сака да ги повика своите родители. Плаче 5-6 секунди и потоа паузира 20 секунди како да ги чека резултатите. Ако родителот не реагира, тогаш овој циклус се повторува неколку пати додека плачот не стане континуиран.

Плач поради глад. Може да почне со повик, но ако бебето не биде земено и нахрането, крикот ќе продолжи и ќе стане хистеричен. Исто така, бебето може да ја врти главата, правејќи звук со устата.

Плач поради болка. Овој плач ќе биде монотон, гласен и постојан. Периодично, ќе има хистерични рафали кои покажуваат дека болката се зголемува. Меѓутоа, ако бебето се разболело, неговиот повик исто така може да биде монотон, но тивок, бидејќи нема доволно сила да направи гласни звуци.

Плач поради физиолошки процеси. Дури и гас, мокрење или дефекација може првично да предизвикаат непријатност кај детето. Овој тип на плачење личи на лелекање и пискање.

Плач поради поспаност. Кога бебето сака да спие, но не може да заспие поради некоја причина, неговиот повик ќе звучи како вознемирено и непречено лелекање, проследено со проѕевање. Бебето исто така ќе ги трие очите и ушите.

Плач поради непријатност. Ова плачење е иритирачко и наизменично, и често е придружено со нервозни движења. Бебето, исто така, може да мафта и да се извива. Тоа значи дека е крајно време да ја проверите неговата пелена или можеби чувствува премногу студ или му е премногу жешко во неговата облека.

Освен тоа, многу мали бебиња можат да плачат кога сакаат да ја сменат животната средина или кога се фрустрирани или им е здодевно.

Звуците што ги прават

Австралискиот педијатар Присила Данстан проучувала и истражувала звуци кај бебињата од раното детство (старост до 3-4 месеци) повеќе од 20 години. Илјадници бебиња од различни националности учествувале во нејзините експерименти. Присила смета дека примарните рефлексни звуци се интернационални. По навршувањето на 4 месеци, бебињата почнуваат да прават звуци кои бараат комуникација и повеќе се поврзуваат со физички потреби.

Присила отворила училиште за учење на новите родители како да ги разберат своите бебиња. Се смета дека способноста за препознавање на овие звуци на време може да ја спречи претстојната епизода на плачење.

„Речникот” на главните звуци вклучува:

НехЈас сум гладен! Овој звук се произведува кога бебето го турка својот јазик до горниот дел во устата и се активира од цицачкиот рефлекс.

ЕхЈас ќе подждригнам! Овој звук се формира кога прекумерниот воздух почнува да го напушта бебешкиот хранопровод и бебето се обидува рефлексно да го ослободи од устата.

Oуф“Јас сум поспан или уморен! Бебето го создава овој звук на замор со преклопување на усните пред зевање.

ХехСе чувствувам непријатно! Непријатните тактилни сензации го прават бебето да се помрдне и му се мрдаат рацете и нозете. Сите овие движења придонесуваат за создавање на „Хех“ звук, особено кога устата на бебето е малку отворена.

Еаирх“Имам гасови и болки во мојот стомак! Звуците што ги прават се искривуваат и се претвораат во стенкање кога бебето го напнува стомакот и издишува додека се обидува да се ослободи од болката.

Движењата што ги прават

Јазикот на телото кажува многу за состојбата на бебето:

Го извива грбот. Бебињата постари од 2 месеци често го прават ова движење кога реагираат на болка и колики. Ако бебето го извие грбот по јадење, тоа значи дека е сито. Ако често го гледате вашето бебе како го прави ова движење за време на јадење, тоа може да биде знак за рефлукс. Ако бебето е постаро од 2 месеци, ова движење обично укажува на замор и лошо расположение.

Вртење на главата. Ова е смирувачко движење за бебето. Тие може да го направат тоа пред да заспијат или кога се наоколу непознати луѓе.

Си ги фаќа ушите. Во повеќето случаи, ова движење покажува дека бебето само го истражува своето тело. Треба да се консултирате со лекар само ако ова движење е проследено со плачење и ако често се повторува.

Ги стиска тупаниците. Ова е знак на глад. Ако успеете да го забележите навреме, можете да го спречите плачот предизвикан од глад.

Ги крева нозете. Ова е знак на колика и стомачна болка. Бебето се обидува рефлексно да си ја олесни болката.

Му се мрдаат рацете. Ова движење значи дека бебето се уплашило. Силен звук, јака светлина или ненадејно будење може да предизвикаат таков рефлекс. Во овој случај, треба да го утешите бебето.

Педијатарите препорачуваат да му зборувате на вашето бебе што е можно почесто, да му објаснувате и да му покажувате сè во нивната околина, дури и ако се чини дека сè уште не разбираат ништо. Тоа ќе им помогне брзо да почнат да комуницираат со своите најблиски користејќи индивидуални звуци и гестови, а исто така им помага да се развиваат подобрат. Ви посакуваме среќа и се надеваме дека лесно ќе се разбирате!

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...