Зошто аутизмот е толку чест денес?

Во 80 – тите години, аутизмот беше многу поредок отколку што е денес. Во просек, се јавувале околу 4 случаи кај 10.000 деца. Најновите истражувања покажуваат дека денеска има аутизам едно од 50 деца.

0
830

Иако е тешко да се добие точна проценка, сосема е јасно дека стапките на аутизам драстично се зголемија во последните неколку децении, всушност, најмногу во последните десет години. Па што се смени?

Постојат голем број фактори кои придонеле за зголемување на случаите со аутизам.

Подобра свесност за заболувањето

Во 1980. година, аутизмот за прв пат беше воведен како посебна дијагностичка категорија. До тоа време, лекарите го ставале под други нарушувања, како што е на пример детската шизофренија.

Од 1980 година, а особено во последните десет години, свеста за ова нарушување значително се зголеми кај здравствените работници и родителите. Педијатрите сега прават скрининг на рани предупредувачки знаци, а родителите се повеќе информирани за оваа тема. Постарите деца кои имаа знаци на аутизам, но не беа препознаени како аутистични, сега добија правилна дијагноза.

Проширување на спектарот на симптомите

Заедно со напорите за подигнување на свеста, се случи промена во дијагностичките критериуми кои сега го препознаваат аутизмот како спектар. Ова сега се нарекува нарушување од спектарот на аутизам (АСД) – што помогна да се опфати широк спектар на симптоми кои го надминуваат „класичниот“ аутизам и кои вклучуваат и гранични случаи на социјално, комуникативно и повторувачко / стереотипно однесување.

Сознанија за причините

Во последниве години, научниците истражуваат огромен број на потенцијални фактори на животната средина кои би можеле да предизвикаат аутизам (како на пример, изложеноста на токсини, вируси и слично во феталната доба) Исто така, постои широко распространета теорија дека наследниот фактор е клучен, како и дека специфичните генетски мутации кај родителите се една од главните причини за оваа „епидемија“ на аутизмот, особено затоа што сè повеќе луѓе добиваат деца во своите четириесетти години. Според некои истражувања, АСД се должи на комбинација на овие две работи – фактори на животната средина и генетско потекло.

Фото: Pixabey

loading...