Зошто бебето престанува да плаче кога го носите наваму-натаму?

Што е првото нешто што го правите кога ќе го слушнете бебето како плаче? Станувате и го земате во раце. Знаеме дека е тоа еден од начините новороденчето да се опушти и да се смири. Ова се практикува со векови и никогаш не изневерило. Но, која е причината која стои зад тој феномен?

0
156

Според истражувањето објавено во 2013 година во „Current Biology“, бебињата помлади од шест месеци веднаш се смириле и престанале да плачат кога мајките ги носеле. Срцевиот пулс почнувал да опаѓа за разлика од бебињата кои биле во скутот на мајките што седеле.

Оваа реакција на бебето не се однесува само на луѓето. Слична шема се забележува кај некои други цицачи.

За целите на ова истражување, научниците го следеле однесувањето на 12 здрави бебиња на возраст од еден до шест месеци. Целта била да се утврди најефективниот начин да се смири расплаканото или вознемиреното бебе. Се покажало дека тоа е носењето.

Научниците заклучиле дека причината за ова однесување е вроден механизам за опстанок кој е битен дел од интеракцијата помеѓу мајката и детето. Носењето поттикнува физиолошки реакции кои му помагаат на бебето да се смири.

Фото: Unsplash

loading...