Зошто бебињата плачат во матката?

Прекрасно е чувството кога жената ќе почувствува како бебето расте во нејзиниот стомак. Првите удари кои детето ги споделува со нас се скапоцени моменти. Но дали знаевте дека бебињата почнуваат да го практикуваат плачењето додека се уште во матката?

0
264

Многу мајки, но и татковци го ценат оној момент кога на ултразвук можат да го видат своето бебе како покажува нови вештини како удирање, мафтање или цицање на палецот. На тој начин имаме навистина убава можност да гледаме и да следиме како се развива бебето во стомакот, но и натаму се прашуваме што уште бебето може да прави додека е во матката.

Сите знаеме дека можат да го цицаат палецот, да голтаат, да зеваат и да мафтаат, но тоа се само некои од неверојатните работи што ги прават бебињата во стомакот. Но што е со плачењето? Плачат ли бебињата само кога ќе се родат или го прават тоа уште во матката? Научниците тврдат дека бебињата плачат во матката, но детето кое плаче во стомакот на мајката изгледа малку поинаку отколку бебето кое плаче кога е веќе надвор.

Имено, научниците во едно истражување го споредиле однесувањето на бебето надвор од матката со однесувањето на бебето во матката. Утврдиле дека постојат вкупно пет состојби кои ги има бебето во тој период: тивок сон, активна состојба, тивко будење, активно будење и плач. Од тие пет само првите четири постојат и во матката. Но истражувањето во кое се посматрала феталната реакција на изложеноста на тутун и кокаин, забележано е она што изгледало како бебето во матката да плаче.

Истражувачите забележале дека детето покажало однесување кое се поврзува со она како изгледа плачењето на бебето надвор од матката. Бебето вдишува и ја отвора устата, а потоа следуваат три засилени вдишувања. Третото и последно содржело пауза при вдишувањето и продолжен смирен здив. Во основа, она што би сте го замислиле кога бебето кратко плаче. Интересно е дека едно од бебињата всушност покажало плач веднаш отккао почнале контракциите на мајката. Но самиот факт што бебето плаче додека уште не е родено, може да ни го скрши срцето.

Според новите истражувања кои ги спровел универзитетот Дурхам и Ланкастер, новороденчињата почнуваат да развиваат начини на кои комуницираат додека се уште поврзани со нас, така за да се спремни да ни кажат што им е на ум кога првпат ќе не видат во надворешниот свет. Истражувачите со помош на ултразвук откриле гримаси кои фетусите ги покажале додека биле во матката.

loading...