Зошто бебињата  се смируваат кога ги носиме?

Кога бебето плаче, се обидува да ни каже дека нешто му треба. Родителите со време научуваат што значи одреден тип на плачење, но ретко кој знае зошто бебињата престануваат да плачат кога ќе ги земете во прегратки.

0
276

Бебето ништо не може да направи само па несвесно се потпира на тоа дека родителите ќе се погрижат ништо да не му недостасува.

Кога бебето плаче, се обидува да ни каже дека нешто му треба. Родителите со време научуваат што значи одреден тип на плачење, но ретко кој знае зошто бебињата престануваат да плачат кога ќе ги земете во прегратки.

Како што бебето расте, така наоѓа нови начини на комуницирање. Кога тоа ќе заплаче, првиот инстинкт на родителите е да го кренат и да го смират и бебето многу често престанува да плаче токму тогаш кога некој ќе го земе во раце.

Причината за тоа е координиран сет од централни, моторички и срцеви одредби.

„Доенчињата помлади од шест месеци кои родителите ги носат многу брзо се смируваат и престануваат да плачат и им паѓа брзината на отчукувања на срцето, во споредба со бебињата на родителите кои седеле“, навеле стручњаците во заклучокот на своето истражување од 2013, кое е објавено во списанието Current Biology.

Фото: Pixabay

loading...