Зошто бебињата ја сакаат играта криенка?

Играта со криење ја користи основната структура на сите добри шеги - изненадување по исчекувањето

0
117

Скриј и барај е игра што се игра со бебињата низ целиот свет, без оглед на јазикот и навиките. Зошто е толку универзална? Бидејќи таа е многу моќна алатка за учење.

Тоа е игра во која едно лице го покрива лицето со рацете, со крпа или некој сличен предмет како да се крие, а потоа го открива, што доведува до смеа кај бебињата од неколку месеци. Таа иста активност им е постојано смешна.

Вежби за мозокот од раѓањето до третата година на детето

Бебињата не читаат книги и не познаваат многу луѓе, па изненадувачката долговечност и социјалната универзалност на играта криенка покажува дека таа предизвикува некои реакции во мозокот на детето. Претходната теорија беше дека бебињата уживаа во оваа игра затоа што се изненадени од појавата на лицето бидејќи тоа било скриено. Иако нам ова не ни изгледа смешно или интересно, децата, кои доживеале многу помалку од нас, се изненадуваат од највообичаени предмети и активности.

Изненадување по исчекувањето

Отпрвин, сè е збунувачко за нив, и со текот на времето учат да му даваат смисол на она што се случува околу нив. Швајцарскиот психолог Жан Пијаже го нарече „принцип на перманентност на објектот“ и сугерирал дека децата ги поминуваат првите две години во сфаќањето на тој принцип. Од таа перспектива, играта не е само шега, туку им помага на децата секој пат одново да го тестираат основниот принцип на постоење одново и одново: дека работите можат да бидат на некое место, иако не ги гледаме таму.

Како бебето го доживува светот?

Играта со криење ја користи основната структура на сите добри шеги – изненадување по исчекувањето. Научникот Хенри Глејтман и соработниците направиле тест со бебиња на возраст од шест, седум и осум месеци. Во некои случаи се појавувала истата личност откако прво ќе се скриела, а во други се појавувала друга личност. Снимките од децата биле оценувани од независни набљудувачи и проценувале колку децата се смеат.

Тие учат за светот

Интересно е што кога се појавувала другата личност, децата се смееле помалку отколку кога се појавувало лицето кое се криело. Реакцијата зависи и од возраста на бебето. Постарите бебиња биле помалку забавувани од новата личност отколку помладите бидејќи, како што наведува авторот, очекувањата се поголеми.

Последната тајна на популарноста на играта криенка е дека детето стекнува нови способности, па на крајот почнува само да се крие и со тоа нè принудува да играме. Напредокот во играта покажува што детето учи за светот, што го изненадува. Така, тоа учи да го препознава и потоа и да го контролира она што го гледа.

За среќа, ние возрасните толку многу уживаме во нивната смеа што секогаш можеме да ја играме таа едноставна игра.

Фото: Pexels

loading...