Зошто ви се децата раздразливи и мрзливи?

„Одново и одново увидувам дека нарушувањата на расположението кај децата е најдобро да се третираат преку елиминирање на употребата на електронските уреди на неколку недели. Овој ‘електронски пост ‘ ќе му дозволи на нивниот нервен систем да се ресетира“, вели психијатарот Викторија Л. Данкли.

0
479

Сѐ повеќе деца и тинејџери се склони кон напади на бес, депресивни се и апатични. Хронично раздразливите деца се постојано уморни и имаат проблеми со учењето и социјалните вештини. Во еден момент, можно е да добијат дури и дијагноза на АДХД нарушување или депресија.

Психијатарот Викторија Л. Данкли на родителите на децата со овие проблеми им советува да го побараат виновникот во електронските уреди кои децата секојдневно ги користат.

„Одново и одново увидувам дека нарушувањата на расположението кај децата е најдобро да се третираат преку елиминирање на употребата на електронските уреди на неколку недели. Овој ‘електронски пост ‘ ќе му дозволи на нивниот нервен систем да се ресетира“, вели психијатарот Викторија Л. Данкли.

Со одземање на електрониката од децата, ќе им го вратите добриот сон, расположението, концентрацијата и организираноста и ќе им го зголемите нивото на физичка активност. Ќе станат поотпорни на стресот, такашто нападите на бес ќе се намалат и ќе се ублажат. Детето повторно почнува да ужива во секојдневните активности, природата и креативната игра. Кај тинејџерите се враќа иницијативата наспроти апатијата и безволноста.

Поради што е електронскиот пост толку делотворен? Бидејќи ги трансформира многуте физиолошки дисфункции предизвикани со гледањето во екранот.

Мозокот на детето е многу почувствителен на употреба на екраните отколку што мислиме. И краткорочната употреба на електронски уреди го нарушува младиот мозок во развојот. Освен тоа, родителите мислат дека не секоја употреба на уредот е подеднакво штетна, а всушност нема многу разлика помеѓу пасивното гледање во екран и интерактивната употреба (пребарување, социјални мрежи, пораки).

Еве на кој начин екраните особено им штетат на децата:

  1. Ги нарушуваат сонот и биолошкиот часовник

Светлината на екранот имитира дневна светлина и го потиснува производството на мелатонин, хормон неопходен за сон. Една минута изложеност на светлината на екранот може да го одложи ослободувањето на мелатонин за неколку часа и да го наруши биолошкиот часовник. Штом се случи ова, доаѓа и до пореметена рамнотежа на хормоните и инфламации на мозокот. А без длабок сон нема ни закрепнување на организмот.

  1. Електрониката го прави нашиот систем за наградување неосетлив

Играњето игри доведува до ослободување на допамин, хемикалија која го „дрогира “ нашиот мозок. Како и со употребата на дрога, со текот на времето, допаминските рецептори стануваат помалку чувствителни, такашто им е потребна поголема стимулација за да доживеат задоволство.

  1. Употребата на електроника доведува до стресни реакции

Акутниот и хроничен стрес доведуваат до промени во хемијата на мозокот и ја нарушуваат работата на хормоните, па стануваме раздразливи. Зголемените нивоа на кортизол, хормон на стрес, истовремено е и се предизвикувач и последица на депресија. Преголемата стимулација и зависност го попречуваат функционирањето на фронталниот лобус на мозокот, кој е одговорен за регулирање на расположението.

  1. Екраните ги преоптоваруваат сетилата и ментално ги исцрпуваат

Интензивната визуелна и когнитивна стимулација ги исцрпува менталните резерви, такашто е тешко за нас да се фокусираме и стануваме раздразливи.

  1. Електронските уреди ги оддалечуваат децата од физичката активност и природата

Играњето на отворено, особено во природа, ја подобрува концентрацијата, ги намалува стресот и агресијата. Детето нема можност да ужива во ова благотворно дејство на отворениот простор на расположението, доколку е по цел ден пред екраните.

Ако забележите проблем со раздразливост и безволност кај вашето дете, мора да преземете драстични методи, вели Данкли. Тоа е единствениот начин неговиот нервен систем да се опорави и детето да стане постабилно, ментално посилно и посреќно.

Фото: Pixabey

loading...