Зошто денешните деца се толку нетрпеливи, нервозни и сѐ полоши и полоши?

Дали навистина ни се потребни итни промени во начинот на којги одгледуваме своите деца? Еве што вели на оваа тема Викторија Прудеј, професионален терапевт со 10 години искуство во работата со деца, родители и наставници.

0
6838

Врз основа на своето искуство, Викторија Прудеј увиделанешто толку раширено и алармантно во светот на родителството денеска, што би било убаво секој кој се грижи за иднината на своите деца, да го прочита овој текст.

Јас сум професионален терапевт со 10 години искуство во работата со деца, родители и наставници, ида, се согласувам, нашите деца стануваат сѐ полоши и полоши во многу погледи. Постојано ја слушам истата порака од секој наставник кој ќе го запознаам. Јасно е дека откако сум терапевт, гледам постојан пад во социјалното, академското и емотивното функционирање на децата, како и голем пораст на потешкотиите при учењето и други дијагнози.

Како што знаеме, мозокот е флексибилен. Опкружувањето може да го направи мозокот посилен или послаб. Искрено верувам дека и покрај сите наши најдобри намери, мозокот на нашите деца напредува во погрешен правец. Еве зошто…

Децата добиваат сѐ што ќе посакаат во истиот миг

„Јас сум гладен!“ – Во секунда застанувате и на детето му купувате нешто да јаде. „Јас сум жеден!“ и веднаш се купува сок. „Мене ми е здодевно!“ – Нема гајле, еве го телефонот. Можноста да се одложи задоволството е еден од клучните фактори за идниот успех и чувство на среќа. Ние навистина имаме најдобри намери и сакаме нашите деца да бидат среќни, и ги правиме среќни во истиот момент, но тие стануваат долгорочно несреќни. Одлагањето на задоволството значи можност тие да функционираат под стрес. За жал, нашите деца стануваат сѐ помалку способни да се справат со стресот кој на крајот станува голема пречка за нивниот успех во животот.

Неможноста да се одложи задоволството често се гледа во училниците, рестораните и продавниците за играчки во моментот кога детето ќе го слушне зборот „НЕ!“ Бидејќи родителите го научиле своето дете да добие сѐ и веднаш.

Ограничена социјална интеракција

Поради многубројните обврски, често знаеме да им тутнеме мобилен или таблет на децата во раце за да ги смириме и на некој начин ги запоставуваме.

Факт е дека технологијата го заменува времето кое децата порано го поминуваа надвор во игра со другарчињата. Очигледно е дека нашите деца заостануваат во поглед на социјалните интеракции, а технологијата уште толку ги оттуѓува и оддалечува од сите.

Таа не може да им помогне на децата да ги развијат социјалните вештини или емоционалната интелигенција. Мозокот е како мускул кој може да се вежба. Ако сакате вашето дете да знае да вози велосипед, го учите на ова. Ако сакате да биде способно да чека, треба да го научите на трпение. Ако сакате да се социјализира, треба да го научите на социјалните вештини. Сето ова се применува и кај другите вештини. Нема разлика!

Бесконечна забава

Создадовме свет исполнет со бескрајна забава за нашите деца. Не постојат здодевни моменти. Во моментот кога настапува тишина, брзаме да им ги исполниме миговите со смеа, забава и игра. Чувствуваме дека тоа е дел од нашата родителска должност.

Тоа е како да живееме во два одвоени света. Ние го имаме нашиот „реален“ свет, а тие нивниот „забавен“ свет.

Зошто децата не ни помагаат во кујната со садовите или со алиштата? Зошто ретко ги собираат своите играчки? Тоа се такви „еднолични“ обврски но со нив мозокот се вежба да биде активен и да функционира кога е здодевно.

Кога доаѓаат на училиште и треба да напишат нешто, нивниот одговор е: „Не можам, тешко е, здодевно ми е“. Зошто? Затоа што „мускулот“ за работа не се вежба со бесконечна игра и забава. Се вежба со задавање работни обврски.

Технологија

Најчесто ја користиме технологијата како „бесплатна дадилка“. Но, оваа навика воопшто не е бесплатна. „Наплатата“ нè чека веднаш зад аголот.

Во споредба со виртуелната реалност, нормалниот живот им делува здодевно на децата. Кога ќе стигнат во училницата се соочуваат со човечки гласови и нормална гестикулација, целосно спротивна на графичките „експлозии“ и специјалните ефекти кои се навикнати да ги гледаат на екраните.

По 1 час поминат во училницата на децата им станува прилично тешко да ја одржат концентрацијата, бидејќи приливот на информации и содржината која им се сервира е многу поразлична од она на што се навикнати во секојдневјето.

Неможноста да обработат помал број на дразби ги прави децата кревки во академските предизвици.

Исто така, технологијата емоционално не исклучува од нашите деца и од семејството. Мозокот на децата најмногу се храни со родителската емоционална достапност. За жал, постепено ги лишуваме децата од таа храна.

Децата владеат со светот

Мојот син не сака зеленчук. Не сака да оди рано на спиење. Мрази појадок. Не сака играчки, ама одлично работи на ајпод. Не сака сама да се облекува“.

Терапевтот потврдува дека ова постојано го слуша од родителите. Од кога децата ни го диктираат начинот на кој ги одгледуваме?

Кога би било по нивно, веројатно би јаделе само макарони со сирење и пецива со крем-сирење, би гледале телевизија и би играле на таблетите и никогаш не би отишле на спиење.

Какво добро им правиме на децата кога им дозволуваме да прават сè што сакаат и да се однесуваат како што сакаат, кога знаеме дека тоа НЕ Е ДОБРО за нив? 

Без правилна исхрана и квалитетен сон, нашите деца на училиште одат нервозни, анксиозни и не можат да внимаваат. Покрај тоа, им испраќаме погрешна порака. Тие мислат дека можат да прават што сакаат.

На нашите деца им недостига концептот дека „нешто треба да се работи“. За да ги оствариме целите во животот, не секогаш треба да ги правиме само работите кои ги сакаме.

На пример, ако сакаш да бидеш одличен ученик, треба напорно да работиш. Ако сакаш да бидеш успешен фудбалер, балерина, треба да тренираш секој ден, колку и да не ти е до тоа.

Нашите деца можеби знаат што сакаат, но им е тешко да работат и да се посветат на остварувањето на целта. Тоа резултира со недостижни, неостварени цели и разочарувања.

Концептот „она што треба да го прави“ е отсутен. 

Вежбајте го нивниот мозок.

Можете да го измените ова вежбајќи го мозокот на вашето дете затоа да може успешно да функционира на социјално, емоционално и академско ниво. Еве како:

Не се плашете да поставите граници

Немојте да се плашите да поставите граници. На децата потребни им се ограничувањата за среќно и здраво растење.

– Направете распоред. Нека се знае кога е оброк, кога е време за спиење и време за играње

– Размислете за тоа што е добро за нив, а не што тие сакаат, односно не сакаат. Тие подоцна ќе ви заблагодарат во текот на животот. Родителството е тешка работа. Морате да бидете креативни за да ги наведете да го направат она што е добро за нив, бидејќи воглавно е спротивно на она што тие сакаат да го направат.

– Децата мораат да имаат појадок и да јадат квалитетна храна. Тие мораат да поминуваат време на отворено и да спијат доволно за на училиште да бидат сконцентрирани и способни за учење.

– Претворете ги работите кои не им се допаѓаат во емпативно стимулирачки игри.

 Ограничете ја употребата на технологијата и емотивно поврзете се со детето

Изненадете ги со цвеќе, насмејте се, оставете им емотивна порака во ранецот или под перница, изненадете ги со излегување на ручек, играјте заедно, лазете заедно. Одете на семејна вечера, играјте друштвени игри, возете велосипед, прошетајте навечер.

Тренирајте одложување на задоволството

Нека чекаат! Во ред е да им биде досадно – ова е првиот чекор кон креативноста

– Постепено зголемувајте го времето на чекање помеѓу „сакам“ и „добивам“.

– Избегнувајте користење на технологија во автомобилите и рестораните, и наместо тоа научете ги да чекаат.

– Органичете го постојаното грицкање на грицки.

Научете ги да извршуваат монотони задачи
од мали

Овде спаѓаат активности како што се диплење алишта, средување на играчки, поставување на масата за ручек, местење на креветот. И овде важи правилото да бидете креативни. Нивниот мозок треба да ги поврзе овие работи со нешто позитивно.

Учење социјални вештини

Научете ги да го враќаат она што ќе го земат, да делат, да победуваат и да губат, да прифаќаат компримиси и да им даваат комплименти на другите, како и да користат „молам“ и „благодарам“.

Од мое искуство како професионален терапевт, децата се менуваат оној момент кога родителите ќе ја променат својата свест за родителството. Помогнете им на вашите деца да успеат во животот низ овој начин на однесување и зајакнете го нивниот разум и чувство – колку порано, толку подобро!

Фото: Mohamed AbdelgaffarPexels

loading...