Зошто децата повеќе не ги почитуваат родителите?

„Можете вие да му зборувате што сакате, но дури кога вашиот син ќе доживее ситуации во кои неговиот татко знае повеќе од него самиот, во кои неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во кои ќе ја покаже својата интелигенција, својата мажественост, во кои своето дете навистина ќе го научи нешто, дури тогаш ќе научи да го почитува“.

0
437

Денешните деца дефинитивно не знаат да покажат исто ниво на почит кон своите родители – барем не такво какво што нашите генерации мораа да покажуваат кон своите, за претходните генерации и да не зборуваме. Тоа е воедно и еден од многу важните показатели за тоа каде сите ние како општетство одиме – се стрмоглавуваме во оттуѓениот свет, а наводно, за децата се грижиме повеќе од кога и да е.

Токму во тој контекст, околу непочитувањето на родителите, е и прашањето кое едни родители му го поставиле на познатиот украински педијатар доктор Еуген Комаровски: „Нашиот постар син кој има 7 години често се однесува кон нас безобразно, без ниту малку почит, на својот татко често му одговара и се однесува надмено кон него. Ве молиме кажете ни што да правиме, како да го смениме?“

Доктор Еуген Комаровски кратко им одговорил:

„Ако сакате вашиот син малку повеќе да го почитува татко си, тоа нема да го добиете во теорија. Можете вие да му зборувате што сакате, но дури кога вашиот син ќе доживее ситуации во кои неговиот татко знае повеќе од него самиот, во кои неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во кои ќе ја покаже својата интелигенција, својата мажественост, во кои своето дете навистина ќе го научи нешто, дури тогаш ќе научи да го почитува“.

А детето нема никогаш да го научи тоа ако таткото не е покрај него.

Модерните татковци многу работат и имаат малку време за своите деца затоа што заработуваат, но детето сѐ уште не може да го сфати тој концепт затоа што реално сѐ уште не знае ништо за вистинскиот живот. Ништо што го научил татко му. Никаква почит која таткото ја всадил во своето дете. Затоа што почитувањето не се учи со зборови, тоа се заработува со дела.

Фото: Pixabey

loading...